Menu

Dream Water World Hotel

All Inclusive

ОД 1317 EUR

Со боите на островите Cikladhes , со високи стандарти на услуги и безпрекорна архитектура, Rubi Platinum е вистински феномен за посетителите кои целат на квалитет.
Со невидена армија на гатрономија и богато мени на пијалоци кои секојдневно се служат на Вас ви преостанува само да ја почуствувате плажата, базените Infinity, сонцето, спокојството и квалитетот. Поседува и соби кои се модерно изградени и опремени како Swim Up Room и ви го доловуваат  квалитетот за вистински да го почуствувате овој ресорт како незаменлива дестинација.
Мохито, Водка, Џин,  егзотични коктели и разновидни увезени пијалоци со висок квалитет преовладуваат во менијата на 5-те барови во секој час од денот и ноќта.Во меѓувреме додека флертувате со сончевите зраци покрај плажа девојки и момци на ролери Ве служат со освежителни пијалоци. Ресортот во текот на денот е тивок и релаксирачки. Вечерта почнува да се буди со спектакуларните настапи, концерите со настап на познати светски уметници, со Beach Party кај Papaya Bar и Диско забави кои траат се до утринските часови.

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Инчекум на 22 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 168 соби
Делукс соби (35-36м², една спална, едно купатило, макс. 3 лица),
Супериорни соби (70-75м², една спална соба со џакузи, една спална со два единечни кревети едно купатило, голема тераса, макс. 4 лица),
Фамилијарни соби (37-38м², две одвоени спални, едно купатило, макс. 4лица).
Сите соби се со купатило со туш, фен, VRF разладни системи, телефон, мини бар (се надополнува секојдневно), чајник, сервис за подготовка на кафе и чај, сеф, сателитски канали, LCD телевизор и музички канали, WI-FI интернет конекција, ламинат на подот, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа послужување на храна и пијалоци, сервис за шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, ужина во текот на денот, вечера, закуски во доцните вечерни часови. Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, коктели, сладолед производи за бебиња како Аптамил млеко, млеко, овошно млеко и овошен јогурт. Дополнително се наплаќаат специјални увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte со претходна резервација, сите видови на флаширани пијалоци и пијалоци во лименки, собна услуга.

Содржини
Платинум главен ресторан – сервис шведска маса, À la Carte ресторани, бар во лобито, покрај базен и на плажа, диско бар. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, шопинг центар, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри – дополнително се наплаќаат.

Плажа
Хотелска песочна плажа мешана со мали камења. Чадори за сонце, лежалки, пешкири не се наплаќаат. Приватни павилјони со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водени лизгалици, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, снежна соба, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф. Дополнително се наплаќаат Спа и Велнес центар, масажа, сите видови на водени спортови. Забавни дневни програми, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Фамилијарен клуб за деца од 4 до 17год. Поделени во групи според возраста, различни активности, кино за деца, луна парк, мини голф, игралиште, мини диско во вечерните часови

Локација

Видео

Слични патувања