Menu

Dream World Aqua Hotel

All Inclusive

ОД 954 EUR

  • Положба:
    Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталијa. 

    Сместување:
    Вкупен број на соби 386. 
    Стандардни соби (една спална соба и едно купатило, макс. 2+2 лица), 
    Фамилијарни соби Тип 1 (две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4 лица), 
    Фамилијарни соби Тип 2 (две спални соби со врата измеѓу, две купатила, макс. 4 лица) и 2 соби за хендикепирани лица. 

    Собите се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и минерална вода), електричен бокал, сет од чај и кафе, сеф (се доплаќа), ламинатен под, LCD TV со сателитски програми, балкон. 

    Услуга 
    All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневни торти, колачи, вечера, доцна вечерна ужина, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, мини бар во собите, бар на плажа од 10:00 – 17:30 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед за време на одредени периоди од денот покрај базен. НЕ Е ВКЛУЧЕНО во all inclusive концептот : увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, Турско кафе, свежи овошни сокови, услуга во соба, пијалоци во диско клуб. 

    Содржини:
    Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани – Sultan – Скара ресторан, Neptun – Рибен ресторан, Bolita – Италијанска кујна, Bihai – кујна од Далечниот Исток, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување на деца, хемиско, шопинг центар, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, рент, а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција во лоби и во собите е бесплатна. 

    Плажа:
    Хотелска приватна песочна плажа, 700м од хотелот, со лежалки, чадори и пешкири на плажа кои се бесплатни.

    Спорт и забава:
    Надворешни и внатрешни базени (затворени за време на летото) за возрасни и деца, Relax базени за пливање за +18, Аква парк, Фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг – понг се бесплатни. Масажа, СПА и центар за убавина, билјард, сите спортови на вода се доплатуваат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 4 – 12 години. 

Локација

Видео

Слични патувања