Локација: Хотелот се наоѓа во областа Сиде. Приближно е 58км од аеродромот во Анталија. 7kм од центарот на Сиде.
Сместување: Хотелот располага со вкупен број на 250 соби. Сите соби се опремени со тоалет со туш, фен, централна клима уред, телефон, мини бар, ламинат под, ЛЦД ТВ со сателитски и музички канали, сеф (со доплата), WI FI бесплатно, балкон. Типови на соби: економи соби (исто опрмени како стандардните, без балкон), стандардни соби (25m²), макс.2+1 лице, фамилијарни соби (40m²), две спални соби одвоени со врата, макс.4 лица, фамилијарни дублекс соби (40m²) на два ката, две спални соби, макс. 4 лица и 3 соби за лица со посебни потреби.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, а ла карт ресторани – турски, рибен, италијански. Бар на плажа, бар покрак базен, лоби бар, витамин бар, снек барови на плажа и покрај базен. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, рент а кар. WI – FI интернет е бесплатен.
Услуга: All inclusive (се вклучено), појадок, доцен појадок, ручек, попладне торта, колачи, вафли и сладолед 15:30-16:30ч., вечера, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10- 24 часот, мини бар во собите, а ла карт ресторан со претходна резервација, бар за ужинка на плажа од 12 – 15 часот. Со доплата: увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, турско кафе, свежо цедени сокови, пијалоци во Disco club, собна услуга, пуканки и шеќерна волна во витамин барот.
Плажа: На 750м од хотелот. Хотелска приватна песочна плажа со чадори, лежалки и пешкири. Бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава: Надворешни и внатрешни (затворени во летната сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години. Со доплата: масажа, спа центар и центар за убавина, билијард, сите спортови на вода.
– ГРАТИС сместување на едно дете до 12 години.