Menu

Labranda Alantur Hotel

All Inclusive

ОД 1110 EUR

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кестел, оддалечен 6км од центарот на Аланија и 140км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 350, лоцирани во една главна зграда и бунгалови. Стандардни соби во бунгалов (28м², една спална соба, едно купатило, мах.2+1 лице), Соби со кревети на спрат во бунгалов (28м², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, мах.2+2 лица), Супериор соби во главна зграда (36м², лоцирани во главната зграда, една спална соба, едно купатило, мах.2 лица), Супериор фамилијарни соби во главна зграда (36м², лоцирани во главната зграда, две спални соби одделени со врати на лизгање, едно купатило, мах.4 лица), Фамилијарни соби со две спални во бунгалов (56м², две спални соби одделени со врата, едно купатило, мах.4 лица), Суит соби во бунгалов (56м², една спална соба и една дневна соба споени со врата, едно купатило, мах.3 лица). Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, централен клима уред, телефон, мини бар (само вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, керамички под, балкон или тераса.

Услуга
Се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна закуска, кафе, доцни вечерни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, ресторан со закуски на плажа. Не е вклучено: узвезени пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, сладолед, А’la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, пијалоци во Coco бар, сите пијалоци после 24:00 часот.

Содржина
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани – италијански, рибен и ресторан за скара, бар со закуски на плажа, бар покрај базен и во лоби. Со доплата: доктор, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, изнајмување на автомобил. WiFi интернет конекцијата во лоби бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и ситни камчиња. Лежалките и чадорите за сонце се бесплатни, пешкирите со депозит.

Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, лизгалки на вода, фитнес центар, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка, мини голф, турска бања, сауна, парна бања. Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА и велнес центар, билијард, осветлување на тениските терени и опрема за тенис. Забавни програми со професионален тим во текот на денот, покрај базен и на плажа, голем број на натпревари за возрасни и деца, специјални вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.

 

Локација

Видео

Слични патувања