Локација: Хотелот е лоциран во областа Konaklı, 12км од Аланија и 130км од аеродромот во Анталија.
Сместување: Вкупен број на соби 225. Стандардни соби (26м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби (35 м2, 1 голема соба со француски кревет + 2 единачни кревети, 1 купатило, макс 4лица). Сите соби се со купатило со туш, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-Fi интернет. Услуга
Сé вклучено- шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладне колачи, кафе, чај, полноќна супа, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00- 24.00ч., на плажа бар со ужина (храна и пијалоци ) од 10:00 до 18.00ч. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, флаширани пијалоци, Турско кафе, специјални вина и коктели дополнително се наплатуваат.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, бар крај базенот, бар на плажа. Доктор, чување деца, фризер, интернет кафе, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат. Wi-fi интернет конекција во лобито не се наплатува.
Плажа: Хотелска плажа со камчиња, на 500м од хотелот, лежалки, чадори за сонце се бесплатни, пешкири за на плажа се со депозит. Шатл превоз на секој час е бесплатен.
Спорт и забава: Отворени базени за возрасни и деца, одбојка на плажа, пинг понг, фитнес центар. Турска бања. Масажа, сауна, спортови на вода, СПА и салон за убавина, билијард, компјутески игри дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.


