Menu

Pgs Hotels Kiris Resort

Ultra All Inclusive

ОД 982 EUR

Положба
Хотелот е лоциран во областа Кириш, на 65км од аеродромот во Анталија и 6км од Кемер.

Сместување
Вкупен број на соби 800, во четери хотелски згради. Стандардни соби (25м², макс.2+1 лица), Економски соби (24м², макс.2+1 лица)-некој од собите немаат балкон, лоцирани се во приземјето со поглед на градина и во Анекс зградата, Фамилијарни соби (46м², макс.5 лица)-две спални одвоени со врата, две купатила и осум соби за хендикепирани лица. Сите соби се со балкон или тераса, купатило со када или туш, фен, централна или сплит систем клима, сателитска ТВ и музички канали, телефон, мини бар (вода и сокови на пристигнување, подоцна се дополнува само со вода), сеф, тепих или паркет на подот, WiFi интернет конекција.

Услуга
Ултра Се Вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, ужина, сладолед во одредени часови од денот, сите локални и некој стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Дополнително се наплаќаат специјални увозни пијалоци, специјални вина, A’la Carte ресторани со резервација, свежо цедени сокови, енергентски пијалоци, сите пијалоци во Нирвана клуб, наргиле, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани-Италијански, Турски и Мексикански, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа, диско бар. Доктор, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, перална и хемиско чистење, мини маркет, продавници, фризер, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби.

Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат. Приватни павиљони на плажа се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, игралиште за деца, тениски игралишта, пинг понг, сквош, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, фудбал, сауна, Турска бања. Спортови на вода, осветлување на тениски игралишта, билијард, компјутерски игри, школа за нуркање, Спа и Велнес центар, дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми и жива музика. Мини клуб за деца од 4-14 год.

Локација

Видео

Слични патувања