Menu

Sultan Of Side Hotel

All Inclusive

ОД 782 EUR

  • Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki 12км од Manavgat и 65км од аеродромот во Анталија.

    Сместување
    Вкупен број на соби 334.
    Стандардни соби (34m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице),
    Фамилијарни соби со кревети на спрат (34m², една спална соба одделена со параван, каде има кревет на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица),
    Фамилијарни соби (41m², две спални соби со врата измеѓу, едно купатило, макс. 4+1 лице),
    Економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).

    Сите соби се со приватно купатило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, мини бар, сеф (се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.

    Услуга
    All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, време за чај и колачи, вечера, закуска доцна навечер, сладолед за време на одредени часови, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, бар на плажа и бар за закуски од 10:00 – 18:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, A’la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, послуга во соба.

    Содржини
    Главен ресторансо шведска маса, A’la Carte ресторани – Турски, Италијански, Рибен, барови, Disco club. Доктор, бебиситер, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, услуги за перење, сушење и пеглање, шопинг центар, рент а кар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (мала брзина) во лоби е бесплатна.

    Плажа
    Хотелска плажа, 250м од хотел (5 минути пешачење), камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

    Спорт и забава
    Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, Турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг- понг. Се доплаќаат: спортови на вода, Wellness центар и центар за убавина, масажа, билијард. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини кино, мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, различни програми во текот на денот, мини диско навечер.

Локација

Видео

Слични патувања