Положба
Хотелот се наоѓа во областа Konakli, 12км од центарот на Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 325 во две згради. Стандардни соби (26м², макс.2+2 лица), фамилијарни соби А (38м², макс.4 лица, една спална, една дневна, едно купатило) и 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар, сеф (се наплаќа), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок ручек, вечера, утринска ужина и попладневен чај, кафе, колачи, полноќна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-23.30ч., сладолед во одредени часови од денот. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, A’la Carte ресторани, пијалоци во Диско клуб, дополнително се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани, лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа. Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа на 150м. од хотелот, со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце се бесплатни. Пешкири за на плажа се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, билијард, салон за убавина, масажа дополнително се наплатуваат. Забавни програми преку ден, натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб од 13-16 год.