Што треба да посетите на остров Крф?

Веќе сте го резервирале вашиот одмор со нашата агенција на остров Крф, па во процес сте на подготовка на вашата агенда.

Сигурно постојано гуглате за тоа што е уникатно на островот и кои локации треба да бидат на вашата листа за посета!

Она што нашиот тим сака да ви го потенцира е фактот дека ние имаме наш водич кој е постојано со вас на островот и е одговорен за целосно спроведување на нашите патници низ најубавите места на Крф кои мора да се посетат.

Она што ние го нудиме во програмата на Крф е:

ПОСЕТА НА ПАЛЕОКАСТРИЦА

Фанстастичен предел кој избоилува со прекрасни плажи и богата историја.

СИДАРИ

Оние патувачи кои веќе биле со нас на турите кои ги организираме на островот, сигурно се запознаени со „Каналот на љубовта“ кој се наоѓа во Сидари.

КРСТАРЕЊЕ ПО СЕВЕРО-ИСТОКОТ НА КРФ

Ова крстарење кои ние ви го овозможуваме ќе ви ги покаже најубавите пејсажи од пределот на островот кој изобилува со доста приватни вили.

Глифада

Глифада е една од нашите омилени песочни плажи за вистинско бегство.

Главниот град Крф

Градот Крф треба да биде на вашата листа на задолжителни места за посета. За нас градот е грчката Венеција, а зошто го мислиме ова, ќе се уверите на само место.

Доколку сакате да ги погледнете нашите сместувања на островото Крф, кликнете ОВДЕ.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR