Menu

Велигден во Соко Бања

цена од

119

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
22.04.2022
25.04.2022
Автобус
Хотел

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Традиционален коктел за добродојде
  • 3 Полнипансиони (појадок, ручек и вечера) во хотел Бањица 3*
  • Организиран разглед на Сокобања со локален водич
  • Организирана пешачка тура со локален водич до Лептерија и Сокоград
  • Организиран излет до планината Озрен , со традиционален велигденски ручек
  • Бесплатно користење на џакузи базенот во х.Бањица
  • Туристичка такса
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

План и програма

22.04.2022 (Петок) Скопје – Соко Бања

Состанок на групата во 05.30час. Поаѓање за Соко Бања во 06.00часот. Се патува преку граничниот премин Табановце со попатни кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето, по што се заминува на организирана прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Милошев конак, турско купатило, црквата Св.Преображение..) Слободно време за индивидуални активности или релаксација во џакузи базенот во хотелот. Вечера.

Ноќевање.

23.04.2022 (Сабота) -Соко Бања (Лептерија-Сокоград)

Појадок. После појадокот, заминуваме на организирана пешачка тура со локален водич, до излетничкото место Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор  или индивидуална посета и релаксација во термаклните базени на Соко Терме. Вечера. Вечерта можност за посета на црквата Св.Преображение и следење на церемонијата за Велигден.

Ноќевање.

24.04.2022 (Недела) Соко Бања-Озрен

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на планината Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера.

Ноќевање.

25.04.2022 (Понеделник) Соко Бања-Македонија

Појадок.  После појадокот, напуштање на хотелот. Слободно време до поаѓање за Македонија. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Цени

Од

22.04.2022

До

25.04.2022

Цените се по лице! Промо цените важат до 04.04.2022

Цена

119 EUR

Промо Цена

109 EUR

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • За влез во Србија нема никакви ограничувања, но за излез и за влез во Македонија за лица над 18 години е потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележаност не постар од 180 дена или ПЦР или антигенски тест.
  • За Србија може да се патува со лична карта или со пасош (важност на пасош мин.3месеци по завршувањет на патувањето).
  • Цените се дадени во евра,уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • – Деца од 2-12год. – 1.000мкд попуст од редовната цена
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања