Menu

Нова година во Истанбул 3ноќи

цена од

149

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Како и секоја година по ред такаа и оваа година ја имаме најдобрата понуда за вас.Истанбул е градот на два континента кој во било кое време од годинта е атрактивен и секогаш со премногу туристи. Доколку сакате нешто поразлично оваа Нова Година тогаш Истанбул ве очекува со организација  на приватен брод кој плови по Босфор со на 300 Македонци, два стејџа, македонски изведувачи вклучувајќи бенд, ди-џеј, караоке зона, па се до спектакуларен огномет, многу запросувања и многу изненадувања. Тоа е најважната причина поради која треба да се придружите на ова патување.

Во продолжение погледнете видео од крстарење по Босфор со еден клик ОВДЕ.

Во продолжение погледнете видео од познатата Истиклал улица на Таксим Плоштад со еден клик ОВДЕ.

Што е вклучено во цената

Три ноќевања во хотел со 3* со појадок

Автобуски превоз од Скопје,Велес,Штип,Неготино,Гевгелија,Куманово,Крива Паланка

Лиценциран придружник

Лиценциран туристички водич

Посета на Капали Чаршија

Туристичка такса

Посета на турската продавница “КОСКА”

Шопинг во 212 Центарот

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување

Факултативни излети

Индивидуални трошкови

План и програма

Прв ден (29.12.2022) Четврток

Турата стартува околу 16:00 часот од Скопје. Патувањето се одвива преку Грција и  Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање. Седиштата во автобус с нумерирани според датите на уплата. Доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќа во агенција.

Втор ден(30.12.2022) Петок

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.

во попладневните часови во договорено време кое ви го кажува водичот се уплатувате кон факултативите излети кои се предвидени за овој ден.

Облакодерот “Сафир”-Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул.Сафир е облакодер каде што со сите патници се искачуваме на највисокиот спрат од кулата и каде што има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед.Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон Европската и Азиската страна од градот.Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијата од 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.

Таксим Плоштадот-Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

Трет ден (31.12.2022)Сабота

Сабота денот ни започнува со појадок во хотелот, а потоа се уптуваме кон Балат и Галата Порт.

Балат-Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт-Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

После Галата порт се враќаме назад во хотелот за да се подготвиме за најлудата веќер и најубавиот дочек на брод.Организиран транспорт до Босфор со нашите автобуси за сите журкаџии. За време на нашиот транспорт до бродот кој трае магични 20 минути, ние ви подговуваме едно кратко изненадување за секој автобус, а со ова го најавуваме големиот старт на нашата прва новогодишна журка!
Дочек на Нова Година. Враќање во хотел. Ноќевање

Четврти ден (01.01.2023) Недела

Недела ни започнува со Late breakfast.

По појадокот, денот ни е резервиранза следните факултативни излети:

Крстарење по Босфор-2 часа крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.   

Emaar Square Mall Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат.Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители.

WaterGarden Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање

Петти ден (02.01.2023) Понеделник

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“тука можете да си земете нешто и за дома локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура,животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот,поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотел со 3*

Цени

Од

30.12.2022

До

02.01.2023

Поаѓањето е на 29.12.2022

Цена

149 EUR

Важно

-Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р.Турција.

-Секој патник што сака да направи резервација во Escape Travel се изјаснува на кои екскурзии ќе присуствува и дали ќе оди на дочек на брод. Бројот на пријави за дочекот на брод е строго лимитиран. Патникот што се изјаснува дека ќе присустува на брод при самата уплата на аранжманот, во договорт на патување е наведено дека дочекот е со задолжителна доплата во автобус. Патниците кои не сакат да одат на дочек на новата на брод, се изјаснуват за кои екскурзии се заинтерсирани а уплатата на истите се врши во автобус. Патниците кои сакат да патуват во Истанбул со уплата само на аранжман a да не одат на дочек или на некоја од предвидените екскурзии не ги прифаќаме

-МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

-Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

-За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет

-Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
-Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
-Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

-Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

-Резервации за одреден кат или страна не е можна.

-Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Oблакодер Сафир и Таксим Плоштад

Цена за пакет: 35е

Оваа факултатива се купува како пакет,а во неа се вклучени облакодерот Сафир со вклучена 7D проекција и посета на Таксим.

Балат и Галата Порт

Цена за пакет: 20е

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви,меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од Македонски мајстори.Се посетува Железната црква,каде може да се посети гробот на Партеније Зоографски.По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен Европски изглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.

Крстарење по Босфор,Ускудар,Emmar Square Mall,Watergarden

Цена за пакет: 60е

Крстарење по Босфор-2 часа  крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин.На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Паноирамски разглед-Откако ке се симнеме од бродот имаме панорамски разглед на азискиод дел на Истанбул, а вие ќе уживате додека локалните  водичи ќе ви раскажуваат за познатите легенди за Моминската Кула,Михримах Џамијата, легендите за трите моста кои ги поврзуваат Европа и Азија и уште многу други знаменитости.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас. Имате можност да седнете во рестораните покрај Босфор и да уживате во прекрасниот поглед.
 Emmar Square Mall, Watergarden-Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Дочек на Нова Година на Брод

Цена за пакет: 75e

Сепектакуларниот дочека на Нова година ке биде организиран на приватен брод каде што ќе бидаат патници само од организација на агенцијата.Целосна наша организација со Dj,бенд, караоке,наградни игри како и секоја годинта, огномети и уште многу други изненадувања.

-4 пијачки (алкохолни/безалкохолни)

-трансфер од хотелот до бродот и назад

-4 часа незаборавна забава на брод

-шведска маса

Новогодишен Пакет

Цена за пакет: 135е

-Облакодер Сафир

-Таксим плоштад

-Балат

-Галата Порт

-Крстарење по Босфор

-Ускудар

-Emmar Square Mall

-Watergarden

-Дочек на Нова Година на брод

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања