Menu

Aтина 8-ми Март (03-06.03)

цена од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
03.03.2022
06.03.2022
Автобус
Хотел

Атина – Главен и најголем град во Грција, колевка на модерната цивилизација. Атина е космополитски град додека пак старогрчка Атина била моќен град држава родно место на Сократ, Перикле, Софокле. Атина е еден од најстарите светски градови, чија историја бележи преку 3.400г. Градот го добил името по божицата заштитничка Атина. Знаменитостите на Атина се пресудниот фактор зошто да ја одберете оваа дестинација за патување. Сунион, Акропол и Партенон ќе направат да се почуствувате како да патувате низ времето, а со самото тоа сигурно ќе ви го одземат здивот со својата големина.

Што е вклучено во цената

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • Сместување во хотел Лондон 3* во областа Глифада, Атина на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамски разглед со водич
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

Што не е вклучено во цената

  • Задолжително патничко осигурување
  • Факултативна посета на Пелопонез (35 €)-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус (6 €) и Микена (6 €)
  • Посета на Пирејa и Сунион со вклучена влезница (30€)
  • Влезница за во Акропол со водич и слушалки (25 еур)
  • Факултативна вечера во таверна
  • Туристичка такса 180 мкд по лице за две ноќевања (се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН (03.03.2022) ЧЕТВРТОК

Состанок на групата на Дрво Декор во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН (04.03.2022) ПЕТОК

Пристигнување во Атина во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот (Плоштадот Омониа, Плоштадот Синтагма каде се наоѓа Парламентот и стражата на Евзони, Олимпискиот стадион, Зевсовиот храм, Хадријановата врата, Бајроновиот споменик, Националната библиотека, универзитет…) Акропол (Пропилеј, Партенон, Ерџтејон…) што во превод значи град на рид. Старото население поради одбрана бирало земјиште најчесто на ридови со стрмни страни и на таквите места се правеле тврдини во многу делови на светот кој потоа станувале центар на големи градови кој што се развивале. Многубројните освојувачи на Акропол извршиле измени на ова место. Сместување во хотел. Слободно попладне.Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (05.03.2022) САБОТА

Појадок. Факултативна посета на  Пелопонез со водич.

Се поминува Коринтскиот канал, кој го соединува Саронскиот залив на Егејското море и Лахејскиот залив на Јонското море од каде се оди до островот Пелопонез.Ќе имате можност да направите преубави фотографии од мостот над самиот канал.

Се посетува и Епидавр или Епидариус – родното место на Асклепии, бог – лечител од митологијата. Тука се наоѓа и најубавиот антички театар со неверојатна акустика.

Се продложува кон Нафплио – првата столица на новата Грчка држава познат и како градот на трите тврдини (средновековната тврдина Palamidi, древната тврдина Akronavplia, отоманската тврдина Bourtzi). Се посетува златниот град Микена – град на легендарниот цар Агамемнон, откриен од археологот Хајнрих Шлиман воедно претставува најважен археолошки објект во Грција. Ќе ја видите величестевната лавовска порта на влезот од микенската тврдина, руините од дворецот и царските гробници, како и гробницата на Агамемнон…

Вечерта факултативна вечера во таверна. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (06.03.2022) НЕДЕЛА

После појадокот , одјавување од хотел и се упатуваме на полудневен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион -нај јужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон.

По завршување на екскурзијата се упатуваме кон Македонија.

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 07.03.2022- Понеделник.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува кога е затворена продажбата за турата.

Цени

Од

03.03.2022

До

06.03.2022

Цена од лице

Цена

109 EUR

Важно

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Во случај на Затварање на граници, се издава ваучер за патување (средства не се рефундират)
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За Грција може да се патува со сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа) или ПЦР тест (не постар од 48 часа) ОД 19.12 ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА Е ПЦР НЕГАТИВЕН ТЕСТ НЕ ПОСТАР ОД 48 часа И ЗА ВАКЦИНИРАНИ И ЗА НЕВАКЦИНИРАНИ!
  • За влез во Македонија назад  за лица над 18 години потребно е сертификат за вакцинација; негативен антиген (не постар од 48 часа); ПЦР тест (не постар од 72 часа); доказ за прележан ковид не постар од 45 дена.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Пелепонез (Епидариус и Микена)

Цена за пакет: 35€-не се вклучени влезниците за театарот во Епидариус и Микена

Некогаш најголемиот грчки полуостров одвоен со Коринтскиот канал, посета на Епидариус и Микена. Го посетуваме најимпресивниот антички театар во Грција кој се наоѓа во Источниот дел на Пелепонез, Епидариус. Грците од секогаш го сакале спортот и ова место било арена за борење. Предност на местото е неговата акустика. Секој гледач може совршено да ја слушне претставата, без разлика каде седи. Се вели дека ако падне камче во центарот на сцената, тоа може да се слушне од секое седиште на театарот.
Микена е антички импресивен археолошки локалитет во регионот на Арголис, 120 километри југоисточно од Атина. Според грчката митологија, Персеј — син на грчкиот бог Зевс и Данаја, која била ќерка на Акрикио, кралот на Аргос — ја основал Микена. Се верува дека за време на Римската империја, Микена била туристичка атракција. Главната порта позната како Lion Gate е главниот симбол на Микена изградена 1250 год п.н.е.  Гробот на Агамемнон е во Микена, кралот на градот.

Пиреја и Сунион

Цена за пакет: 25€

Во античко време градот Пиреја бил поморското пристаниште на Атина, денеска е туристичка атракција поточно пристанишно место. Сунион познат по храмот на Посејдон, еден од главните споменици од златното доба на Атина. Неговите остатоци се сместени на гребенот, опкружен од три страни со морето.

Aкропол

Цена за пакет: 10€

Најголемото и најдоброто светилиште на античка Атина, посветено првенствено на нејзиниот покровител, божицата Атина, доминира во центарот на модерниот град од карпестата карпа позната како Акропол.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања