Menu

Бари за 8ми Март

цена од

399

EUR

сега од

349

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
06.03.2026
09.03.2026
Авион
Хотел

Бари, по големина е деветти град во Италија и е  главен град на истоимената област Бари и главен град на провинцијата Апулија во југоисточна Италија. Бари е второто најважно трговско седиште во јужна Италија, по Неапол. Градот е познат и како градот на Св.Никола, бидејќи во градската катедрала се наоѓаат моштите на светецот, кои постојано привлекувале верниците.Бари претставува свет полн со историја, превкусна храна и градби кои Ви го оземаат здивот. Овој град е спој на градски туризам и плажирање. Токму овде на Бари, ќе најдете најубава пица и незаменлив Аперол, како и локалци кои спремаат домашна паста во своите дворови.Не дозволувајте да ви раскажуваат, придружете ни се и бидете вие тие кои ќе раскажуваат.

Што е вклучено во цената

  •  Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
  • Аеродромски такси
  •  3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
  • Превоз аеродром – хотел – аеродром
  • Организација и претставник од агенцијата

Што не е вклучено во цената

  • дополнителни екскурзии
  • туристичка такса – 3 € по лице на ноќ
  • патничко осигурување
  • влез во локалитети

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ

  • АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција) – 70 € по лице
  • МАТЕРА(превоз, претставник од агенција) – 80 € по лице

План и програма

Ден 1 – 06.03. (петок) | СКОПЈЕ – БАРИ

Состанок на групата два часа пред полетување, полетување во 16:45ч. од Скопје.Слетување во 17:55 ч. во Бари. По пасошки и царински формалности следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка низ Бари. Ноќевање.

Ден 2 – 07.03. (сабота) | ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ - ПОЛИЊАНО а МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО

Појадок. Предлог за денешниот ден е посета на Алберобело и Полињано а Маре.
Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители ја добиле идејата за изградба на трули, уникатни привремени куќи изградени од камен, со цел да избегнат високи плаќања кон владетелите во тој период. Процесот на трансформација и обнова, како и оригиналноста на делото, им обезбедија на овие градби признание за светско наследство. (УНЕСКО). А пак Полињано а Маре е едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, која беше прогласена за една од петте омилени дестинации за летен одмор за Италијанците во 2016 година.Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, му даваат посебен шарм на градот.
Враќање назад во Бари каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

Ден 3 – 08.03 (недела) | ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ - МАТЕРА

Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на градот Матера. Возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година и е на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите карактеристики. Интересно за овој град е што многу локални жители живеат во куќите на своите предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата местоположба, Матера го зачувала својот стар изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.

Ден 4 – 09.03 (понеделник) | БАРИ – СКОПЈЕ

Појадок. Одјава од хотел и можност за прошетки во Бари до време за организиран трансфер. Околу 15:30 часот трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 18:30ч. слетување во 19:40 ч

Сместување

Хотел 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција)

Цена за пакет: 70 €

МАТЕРА(превоз, претставник од агенција)

Цена за пакет: 80 €

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

579

EUR

сега од

519

EUR