Menu

Будимпешта за „Денот на Вљубените”

цена од

139

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината. Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство. По повод „Денот на вљубените” ве носиме во магичната Будимпешта!

Што е вклучено во цената

  • Превоз со високо туристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Посета трговскиот центар Арена
  • Организација и водство на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Факултативен разглед на градот со локален водич (10 еур)
  • Факултативно крстарење по Дунав  ( 20 еур)
  • Факултативна посета на Сент Андреа со Естергом и Вишеград (25 еур)
  • Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба за лицата кои патуват сами -30 евра

План и програма

ПРВ ДЕН (11.02.2022)- ПЕТОК

Состанок на групата на Дрво Декор во  16.00час. Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија.  Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

ВТОР ДЕН (12.02.2022)- САБОТА

Пристигнување во Будимпешта. Оставање на куферите во хотел. Факултативен разглед на градот, кој ќе започне од плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, односно од третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали. Разгледот го продолжуваме кон Базиликата на Св. Стефан, најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, потоа Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот враќање во хотел.

Слободно време за одмор.

Вечерта предлог индивидуална прошетка до некој од плоштадите во Будимпешта. Ноќевање

ТРЕТ ДЕН (13.02.2022)- НЕДЕЛА

Појадокот. Факултативна посета на Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт.

Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и вечера во национален ресторан Чарда.

Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (14.02.2022)- ПОНЕДЕЛНИК

Појадок. Одјавување од хотел.  Слободно време за посета на шопинг центар Арена.

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Се патува преку Србија со кратки попатни паузи. Ноќно возење. Пристигнување во раните утрински часови на 15.02.2022

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Хотелот се одредува пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата на групата.

Цени

Од

11.02.2022

До

14.02.2022

Промо цената важи во 31.01.2022

Цена

139 EUR

Промо Цена

109 EUR

Важно

  • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест)
  • Затварање на граници
  • Виша сила

Напомени:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • За реализација на факултативите потребно е да се пријават минимум 25 патници
  • За Унгарија може да се патува со сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини) или со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа)
  • За враќање во Македонија, за лица над 18год. потребно е да приложат сертификат за вакцинација: негативен антиген или ПЦР тест.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Факултативен разглед на градот со локален водич

Цена за пакет: 10€

Разглед на Будимпешта со локален водич за најдборо запознавање со градот

Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањско

Цена за пакет: 20€

Крстарење кое ќе го паметите.

Факултативна посета на Сент Андреа со Естергом и Вишеград

Цена за пакет: 25€

Факултативна вечера во национален ресторан (35 еур)

Цена за пакет: 35€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања