Menu

Будва и Острог во Ноември

цена од

99

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
17.11.2022
20.11.2022
Автобус
Приватно сместување

Некогаш мал и тивок крајбрежен град, денес метропола на црногорскиот туризам и еден од најгласните и преполни градови на црногорското приморје. Одлучивме да Ве носиме во Будва и во Ноември. Острошки манастир, Котор, Тиват и Бар  се дел од нашата програма. Во продолжение програмата……

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања во Будва во приватно сместување
  • Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
  • Посета на Острошки Манастир
  • Туристички придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Турустичка такса  на Острог 1 еврo  ( се плаќа во автобус)- Задолжително
  • Превоз со комбиња до и од манастирот  2 евра (се плаќа во автобус) – Задолжително
  • Црногорски пакет (Посета на Котор,крстарење по Бока Которска со посета на Пераст и Тиват)- 40 евра (се плаќа во автобус а зе резервира во агенција)
  • Туристичка такса 2 евра од лице за две ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)
  • Влезници за културно историските локалитети,
  • Патничко осигурување

План и програма

ПРВ ДЕН (17.11)Четврток

Состанок на група на паркингот кај Хотел Вип во 21:00ч, 21:30 поаѓање. Транзитот се одвива преку, Косово и Албанија. Ноќно возење.

ВТОР ДЕН (18.11)Петок

Пристигнување во раните утрински часови во Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој бил погребан овде. Она што е интересно дека е изграден во карпа и е несекојдневно за манастир.
По посетата на манастирог групата продолжува за Будва. Сместување во Будва. Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договор со туристичкиот придружник, се посетува стариот град во Будва. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (19.11)Сабота

Во 09:15ч состанок на група пред вила, 09:30ч поаѓање кон Котор и Тиват.
Првото место за посета е Котор. Забавата започнува кога одиме на крстарење. Она што е интересно е дека крстарењето не е со брод туку со глисери. Искуството од прeтходните групи покажа дека ова крстарење е доста атрактивно и несекојдневно.
Првата посета е островот именуван по црквата која датира од 15 век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека ја пронашле иконата на св.Богородица. Патниците ќе имаат време околу 20-30 минути да направат фотографии на островот. Станува збор за мал остров со интересна историја кој управувачот на глисерот ќе ви раскаже повеќе за тоа. Авантурата продолжува кога ќе стигнете во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура. И покрај тоа што ова место има само една главна улица, стариот град е полн со историаја, атракции и хедонистички искуства кои на посетителите ќе им остане во душа. Крстарењето завршува со забава на глисерот. По пристигнувањето во Котор, групата ќе има слободно околу 2 часа за кафе или ручек во градот. Oна што треба да го посетите е стариот град. Старите градби, тесните улички и богатата историја е тоа што ќе направи да се заљубите во Котор. Во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват. Голем дел од градот е модернизиран а на моменти ќе се почувствувате како да не сте на Балканот, место каде што ужива и одмара светскио џет-сет. Луксузот, големите јахти, крузери, станбени блокови итн е тоа што го прават Тиват магичен. Овде групата ќе има слободно околу 2 часа за прошетка а препорачуваме да прошетате околу пристаниште и во некои од кафулињата да седнете да уживате во амбиентот. По посетата на Тиват, групата се враќа во Будва. Доколку има интерес од страна на групата, можна е дружба во некои од кафулињата или на плажа. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН (20.11)Недела

Слободно време до 13:00ч. Во 13:15ч собир на група и заминување кон Бар со попатно застанување и панорамски разглед на Св.Стефан. Oва место е еден од најлуксузните летувалишта на целиот Јадран познат како „град-хотел“. Според пописот од 2003 на островот живеат 411 жители. Автобусот ќе застане за патниците да направат фотографии околу 10 минути и се продолжува према градот Бар.
Во Бар она што треба да се посети е  храмот посветен на Јован Владимир. Катедралата Свети Јован Владимир во Бар е втора по големина православна црква во Црна Гора, палатата на крал Никола, која потекнува од XIX век и прошетка по кејот и центарот во градот. Слободно време во Бар за кафе или ручек до 17:00ч и заминување кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Приватно сместување

Вилата се одредува на два дена пред поаѓање кога ќе се затвори продажбата

Цени

Од

18.11.2022

До

20.11.2022

Промо цена до 07.11.2022

Цена

99 EUR

Промо Цена

79 EUR

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер.
    За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Будва и назад.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Котор, крстарење по Бока Которска, Пераст и Тиват

Цена за пакет: 40€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

209

EUR

сега од

169

EUR