Menu

Букурешт и Трансилванија за 8ми Март

цена од

189

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Букурешт-културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата.Букурешт има диверзитет на културна сцена,каде што културниот живот се одразува на повеќе сегменти, вклучувајќи визуелна уметност,перформанси и ноќен живот. Букурешт има мешавина на елементи од традиционални романски градби,до градби кои се инспирирани од француските архитекти.Букурешт има голем број на знаменитости и споменици.

Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот.

Што е вклучено во цената

  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Букурешт
  • Автобуски превоз
  • Разглед на Букурешт со локален водич
  • Туристички пратител

Што не е вклучено во цената

  • Факултативен излет  Трансилванија –  Посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула( Влезницата за замокот не е вклучена). Цена 60е за возрасни, 40е за деца до 11.99 години.
  • Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
  • Туристичка такса 5 евра по лице се плаќа во автобус
  • Задолжителна уплата во канцеларија за депозит за факултативен излет Трансилванија во износ од 15е поради навремено пријавување на број на влезници.

План и програма

06.03.2025

Собир на групата кај Хотел Русија и поаѓање во период од 18-19 часот.  Ноќно возење преку Бугарија, со паузи, гранични и царински формалности.

07.03.2025

Пристигнување во Букурешт во утринските часови и поаѓање на разглед на Букурешт со локален водич. Разгледот започнува со  разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање.

Втората знаменитост за посета е Плоштадот на Револуцијата .Најубавиот плоштад во Романија кој е познат по важни историски моменти кои се случувале на него. Тука се наоѓа Кралската палата, Римскиот Атениум, Народниот музеј на уметности и црквата Кречулеску.

По кратко возење пристигнуваме кај една од најубавите и најстарите улици во Букурешт е Calea Vistorei или Авенија на победата. Изградена е уште во 1692 година, а денес е најмодерна и најексклузивна  улица во градот.

Следна дестинација е, познат како Lipscani, стариот град плени со својот шарм. Во него ќе најдете безброј продавници за антиквитети и уметнички галерии. Тука се наоѓа старата палата на принцот изградена во 15 век од страна на Дракула кој во подрумите на палатата ги држел затворениците. Исто така токму во стариот град можете да ја видите и најстарата црква во Букурешт која датира од 1559 година.Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.

Поаѓање кон хотел. Ноќевање.

 

08.03.2025

Појадок. По појадокот се уплатуваме на факултативен излет на Трансливанија.Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.

БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава.  Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Враќање во хотел во Букурешт во доцните часови. Ноќевање.

09.03.2025

Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон термалните бањи. .

Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.

Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање/

За патниците што нема да користат факултативен излет за Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар.

Поаѓање за Македонија околу 15:00ч.

Очекувано пристигнување во Скопје, во раните утрински часови на 10.03.2025.

Сместување

Хотел со 3*

Сместување во Хотел со 3* со појадок во Букурешт. Хотелот се објавува на неколку дена пред поаѓање во зависност од бројката на патници.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Трансилванија

Цена за пакет: 60e

Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.

Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот.

БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.

Брашов

Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава.  Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.

Термални бањи

Цена за пакет: 45е

Термалните бањи во Букурешт располагаат со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања