Menu

Истанбул за Велигден ( 2 ноќи )

цена од

129

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Патувајте во Истанбул за Велигден заедно со Ескејп Травел.

Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни.
Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи, на начин што ќе ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.

Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.
Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“.

Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе алва во боја и секако турски локум, Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.

Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • Туристичка такса

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН (03.05.2024) ПЕТОК

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето.
Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје.

Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности и презентација на програма.
Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

ВТОР ДЕН (04.05.2024) САБОТА

Пристигнување на групата во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата.
Водичот ги носи патниците до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.

Балат
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори. Карактеристично за оваа црква е тоа што во самата црква се наоѓа и гробот на првиот македонски учебникар и еден од најистакнатите културни и црковни работнициПатренија Зографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Галата Порт
Галата Порт претставува најново пристаниште со ексклузивен европски изглед кое како такво секојдневно го посетуваат многубројни светски туристи на дневно ниво.

ТРЕТ ДЕН (05.05.2024 ) НЕДЕЛА

По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.

Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен.
Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!
Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН (06.05.2024) - ПОНЕДЕЛНИК

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”Kоска“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.

Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Во трговскиот центар  групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотелско сместување 3*

Хотелите се со 3* и се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели, во стариот дел на Истанбул односно на неколку минути пешачење од Капали Чаршија..

Покрај сместување во хотел , во аранжманот е вклучен и појадок во самиот хотел на база на шведска маса.

Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Од

03.05.2024

До

06.06.2024

Цена

129 EUR

Промо Цена

109 EUR

Важно

  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ ( ДОЗВОЛЕНО Е ПАТУВАЊЕ САМО СО ПАСОШИ НА Р.С.МАКЕДОНИЈА)
    Воедно пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

  • За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
    Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
    Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
    Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
    Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Балат и Галата Порт

Цена за пакет: 25 EUR

Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на христијанската населба Балат, и посета на луксузното пристаниште за крузери Галата Порт.

Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи, Watergarden, Ускудар и Таксим Плоштад

Цена за пакет: 70 EUR

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.

Ускудар (Азиски дел)
На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја. Исто така од овде ќе имате прилика да ја видите Моминската Кула на само 30 метри од вас.

Watergarden- е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување. Огромните фонтани, обоени во многу светла, кои изведуваат танц со оган го прават овој трговски центар посебен.
Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”.Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави!
Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки

VIP ПАКЕТ

Цена за пакет: 90 EUR

*Балат

*Галата Порт

*Крстарење по Босфор

*Бејлербеи палата

*Watergarden

*Ускудар

*Таксим плоштад

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

209

EUR

сега од

169

EUR