Menu

Истанбул за 24-ти мај (2 ноќи)

цена од

89

EUR

сега од

79

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Патувајте во Истанбул за продолжениот викенд за 24-ти Мај. Истанбул е дестинација која е недалеку од Македонија,а која вреди да се доживее. Град на два континента,преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни. Дали сте знаеле дека ние како агенција веќе пет години ги испишуваме најубавите приказни покрај Босфорот? Дали знаете дека имаме постигнато два рекорди како Македонска агенција,од кои рекордниот број на Македонци на приватен брод на Босфор за дочек на Нова година.

Што ви говори ова? Ова кажува дека доколку се одлучите да патувате со нас, Вие ќе бидете во сигурни раце.

Тим кој постојано расте и се шири.

Тоа сме ние, Ескејп и Истанбул. Приказна која постојано се испишува.

Што е вклучено во цената

Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
Автобуски превоз Лиценциран придружник
Лиценциран туристички водич
Посета на Капали Чаршија Tуристичка такса
Посета на турската продавница „Коска“
Шопинг во 212 центарот
PCR тест за враќање (За патниците без вакцина)

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Факултативи излети
Индивидуални трошоци
ПЦР тест за поаѓање (се вадат индивидуално)

План и програма

ПРВ ДЕН (20.05) ПЕТОК

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето.Турата стартува од паркингот на Вип Хотел околу 15:00 часот од Скопје.Ноќно возење со попатни паузи,царински формалности,презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена.Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање,во врска со точното време и место на поаѓање.Седиштата во автобус се нумерирани според датите на уплата,доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

ВТОР ДЕН (21.05)САБОТА

Пристигнување на групата во Истанбул.

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж,каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж.Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Chech in во хотелот е после 14:00 час.

По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот,а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот,а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето во чаршијата.

Облакодерот „Сафир“.
Кулата Сафир е една од нашите најбарани сензации во Истанбул. Сафир е облакодер каде со сите патниви се искачуваме на највисокиот спрат од кулата, а каде има отворена стаклена тераса со 360 степени поглед. Овде имате можност да ги направите најдобрите фотографии кон европската и азиска стана на градот. Исто така ќе прошетате виртуелно преку 4D проекцијаод 15 минути низ најбитните знаменитости во Истанбул.
Ортаќој
Ортаќој претставува една од најпознатите туристички области во Истанбул. Се наоѓа во Европската област веднаш под Босфорскиот мост. Токму ова место претставува вистинско уживање за сите оние кои сакаат да го пробаат трафиционалниот специјалитет Турски Компир и да ги направат најубавите фотографии.
ТРЕТ ДЕН (22.05) НЕДЕЛА
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното:
Крстарење по Босфор
Ова е крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу. Ускудар (Uskudar) Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја.
Берлејбеј
Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.
Од Ускудар има преубав поглед кон европскиот дел и секако познатата кула Девојачката Кула или Моминската кула (Kiz Kulesi) каде ќе направите фантастични фотоградии. Слободно време за ручек. Џамијата Чамлиџа По посетата на Ускудар, поаѓаме во џамијата Чамлиџа. Ова е една од мегаломанските ЧУДА во Истанбул која е и најнова атракција, изградена во 2019 година. Има сместивост од 63.000 луѓе и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири.
WaterGarden
 Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (23.05) ПОНЕДЕЛНИК

По појадок во хотелот, одјавување и посета на продавницата КОСКА доколку сакате да купите локум, баклава или традиционално слатко за дома. Од Коска следува време за шопинг во Аутлет 212 во Истанубл.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг. Кој не би сакал шопинг? Во трговскиот групата ќе има околу 2 ипол до 3 часа слободно време за шопин. По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување во после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотелско сместување со 3*

Сместувањето е во хотели на база на 3* со вклучен појадок.Хотелите се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели,која важи за една од најстарите населби кои постоеле уште во Костантинопол.

Цени

Од

20.05.2022

До

23.05.2022

Промо цена до 04.05

Цена

89 EUR

Промо Цена

79 EUR

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.
Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Сафир и Ортаќој

Цена за пакет: 35€

Ова факултатива се купува како пакет а во неа се вклучени  Облакодерот Сафир   со вклучена 7D проекција и посета на Ортаќој.

 

 

Пакет 2 (Екскурзиите од овој пакет не се купуваат одделно)

Цена за пакет: 60€

Крстарење по Босфор

Ова крстарење преставува уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

Берлејбеј
Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Ускудар

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период.

Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. По Ускудар ја посетуваме џамијата Чамлиџа.

Ноќен Истанбул

WaterGarden
 Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање

Вип Пакет

Цена за пакет: 90€

-Ги вклучува сите факултативни излети.

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања