Menu

Јерисос Вила Костас

цена од

477

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
11.06.2023
24.09.2023
Автобус, Сопствен превоз
Вила

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Што е вклучено во цената

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадедени за наем на апартмани за 7 ноќевања
  • Автобуски превоз за вонсезонски термини (28.05 – 02.07 и 03.09- 24.09.2023)
  • Тоалет
  • Кујна
  • Тераса со маса и столови
  • Клима
  • Пристап до Интернет

Што не е вклучено во цената

Превоз НЕ  е вклучен за сезонските термини (02.07.- 03.09.2023)

  • Превоз за возрасен 50€  (3.100 ден.)/ Еден правец 40€ (2.480 ден.)
  • деца до 12 години 40€ (2.480 ден.)/ Еден правец 35€ (2.170 ден.)
  • Дете до 1,99 години (без седиште) – бесплатно
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 0,50€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

План и програма

Сместување

Вила „Костас“

Вила „Костас“ се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Вилата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, Интернет (Wi-Fi) и пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата.

Дуплекс апартман број 1А (дуплекс 1/4+2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и голема тераса со маса и столови.

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има спална со брачен кревет и мал кревет за дете и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

Апартман број 3А (1/4) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна уште еден помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Излегува на голема тераса со маса и столови.

Апартман број 2Б (1/3+1) – прв кат, голем, простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед кон море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Излегува на голема тераса со маса и столови.

 

Важно

  • Вонсезонските аранжмани вклучуваат пакет аранжман 7 ноќевања со превоз;
  • За соспствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 ден.) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ;
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица, а во дуплекс апартман 4 лица. 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • Сезонските аранжманите  се дадени за наем по лице за 7 ноќевања, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа;
  • За возрасни 50 евра (3.100 ден.), еден правец 40 евра (2.480 ден.) ;
  • За деца до 12 години 40 евра (2.480 ден.), еден правец 35 евра (2.170 ден.);
  • Деца до 1,99 години, без седиште;
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно со бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот;
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција);
  • Уплатата е исклучиво во нераска противредност (1 евро = 62 ден.);
  • Попустите НЕ може да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена;
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резрвацијата со авнса уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање;
  • Сместувањето во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е од 9.00 часот локално време;
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место;
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман;
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата;
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Т. А. Ескејп Травел и на самата агенција и поради кои НЕ може да се откаже аранжманот или да се промени терминот на резервацијата.

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања