Menu

Нова Година во Истанбул 2 ноќи

цена од

149

EUR

сега од

129

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Осма година по ред, ЕТА ги руши сопствените редорди во Истанбул за Нова Година!
ПРВИТЕ 50 МЕСТА- РАСПОРДАДЕНИ!

Ние сме познати по најдобрата организација за дочек на новата година на Брод на Босфор!
Секоја година им овозможуваме на нашите гости 2 зони за забава од кои едната со изведувачи на балканска музика, а втората зона со dj-set и електронска музика.
Над 250 гости секоја година уживаат во нашата организација! Бидејќи ние знаеме како да им овозможиме добра забава на сите!
Ова година нашата забава ја збогатуваме со НЕОНСКА ТЕМАТИКА, каде секој гостин на бродот добива бесплатни неонски материјали за да доловиме вистинската сеонзација на неонската магија. Нашиот брод ќе биде детално уреден со неонски светла кои ни приредат вистинско шоу!

Не размислувајте дали да се препуштите во магијата! Јавете се и резервирајте:

071-227-847. 071-227-817(Бисер)
071-227-837. 072-316-227(Центар)

Што е вклучено во цената

  • Две ноќевања во хотел со 3* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран туристички водич
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница „Коска“
  • Шопинг во 212 центарот
  • Туристичка такса

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)

Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 15:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена. Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)

Пристигнување на групата во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.Chech in во хотелот е после 14:00 час.

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски прку многубројните соби и хали.

Таксим Плоштадот

 

ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)

По појадокот групата во договорено време со водичот се упатува кон Балат и Галата Порт.

Балат
Еден од најдобро скриените скапоцени камења во Истанбул е разнобојниот кварт по име Балат. Оваа стара област е исполнета со прекрасни дрвени куќи во боја и кафулиња веднаш ќе ви овозможат убави вибрации. Посета на Балат е најдобра во текот на утрото, кадешто многу често се снимаат турски серии. Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, кадешто е гробот на Партенија Зографски. Направена е од елементи од леано железо и има неоготски архитектонски стил кој се издвојува од остатокот од соседството, што го прави дестинација што мора да се види.По посетата групата има слободно време околу  час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Миниатурк

Еден специфичен и интересн музеј, каде што ќе имат можност да ги видите сите познати светски градби на едно место во минијатурна форма.

По посетата на Балат и Миниатурк, се упатуваме во хотел.

Слободно време за одмор и подготовка за дочекот на Новата Година. Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод кадешто ни претстои 4 часовно крстарење да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.

ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Предвидено е пристигнување после полноќ во Скопје.

Сместување

Хотелско сместување до 3*

Хотелите се со 3* и се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, во стариот дел на Истанбул односно на неколку минути пеш од Капали Чаршија, Аја Софија. Сместувањето е со вклучен појадок. Хотелските соби се двокреветни и трокреветни.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa
Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Балат и Миниатурк

Цена за пакет: 25€

Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива која вклучува посета на Христијанска населба Балат, и посета на уникатниот музеј Миниатурк.

Крстарење по Босфор, палата Бејлербеи и Таксим Плоштад

Цена за пакет: 45€

Дочек на Нова Година

Цена за пакет: 90€

  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
  • Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 4 алкохолни или 4 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Вклучени бесплатни неонски материјали
  • Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот (Два посебни зони со различна музика)
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања