Menu

Сараево за Нова 2025-та Година

цена од

125

EUR

сега од

109

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во  Сараево и подгответе се да ги замислите Новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија.

Во продолжение програмата за Босна..

Што е вклучено во цената

-2 ноќевања со појадок во хотел

-Разглед на Сараево со локален водич

-Туристички придружник за време на патувањето

-Посета на Вишеград и Андриќград

-Автобуски превоз Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

-Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино-10е во правец по лице

-Трансфер по градови Велес и Штип-5е во правец по лице

-Крстарење по Дрина– 10 евра од лице

-Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90евра

-Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 70 евра

Ноќно Сараево -15 евра од лице

-Туристичка такса– 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)

-Патничко осигурување

-Патниците избираат еден од двата наведени пакети (од 70 или 90 евра)

За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус

 

План и програма

ПРВ ДЕН (29.12.2024) Недела

Поаѓањето е од Скопје, пред Хотел Русија е околу 21:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање.

Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

ВТОР ДЕН (30.12.2024) Понеделник

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.

Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.

Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот.

Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.

Ноќно Сараево – Факултативен излет

Состанок на група во 19:00 пред Хотелот. Тргнување кон местото Илиџа заедно со локален водич. По завршувањето тргнуваме на панорамски разглед со автобусот каде се застанува на едно од местата и се гледа Сараево во целосна светлина каде што правиме неколку фотографии и тргнуваме кон следното место. Нашето следно место како за крај на Ноќно Сараево е највисоката зграда во градот Сараево Avaz Twist Tower каде ке имаме можност да се искачиме на 142м висина поточно 39 кат каде што има кафетерија и 360 степени панорамски разглед и една од најдобрите фото во диагонала поточно како изгледа Сараево во должина. По завршувањето се упатуваме во хотелот. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (31.12.2024) Вторник

Третиот ден започнува со појадок и во 07:30ч  и започнуваме со целодневна екскурзија 😊

Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц.

Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ.
Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..

По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич.

Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.
Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување.
Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.

Во Мостар има кварт  каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”.
Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.

Слободно време околу 3 часа.

Враќање во Сараево.

Дочек на Нова 2025-та Година на плоштадот со луда забава со Далматинската дива Северина.

Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН (01.01.2025) Среда

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите.
Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја.
Најголемата пирамида е пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека пак пирамидата на Месечината и пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали.

Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал.
Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото.
Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

* Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата.
Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ.
Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка

Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград.
Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.

Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотелско сместување 3*

Сместувањето е во хотел 3* со вклучен појадок на база на шведска маса.

Името на хотелот патниците го дознаваат 2 дена пред поаѓање.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

-За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот

-За деца со полни 12 години се плаќа цела сума

-Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата

-За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест

-Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош

-Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

-Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 90€

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 10€

Историски пакет (Посета Бункерот на Тито, Јабланица и Врело Буна, Мостар)

Цена за пакет: 70€

Ноќно Сараево (задолжителна посета)

Цена за пакет: 15€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања