Неколку познати места во Србија кои секој од нас треба да ги посети (2дел)

Се мислите каде да одите за продолжениот викенд, ви препорачуваме да го посетите нашиот северен сосед Србија за тоа ви е потребно само желба и  личната карта. Многу од нас се одлучуваат да ги посетат познатите градови Белград, Нови Сад, Ниш… ,а ретко кој ги посетил овие 3 локации кои ќе ви остават посебен впечаток наменети за оние што сакаат да видат нешто поразлично.


Белоцрквенските езера
Белоцрквенските езера се како расфрлани бисери југозападно од градот Бела Црква во близина на границата со Романија и опфаќаат повеќе од десетина езера. Станува збор за вештачки, кристално чисти езера со површина од 150 хектари, создадени со експлоатација на чакал за индустриски цели од дното на Панонскиот басен. Секое од езерата има свој специфичен шарм со проѕирно зелена вода, езерата се снабдува со вода од артески бунари и подземни извори, а нивната вода се користи за наводнување на земјоделско земјиште. Белоцрквенските езера се состојат од 7 поголеми езера и неколку помали. Најпознати се Градското езеро, Вачевгајското езеро, Малото езеро, Новото езеро, Шаранското езеро и езерото Шљункара. Градското езеро има просечната длабочина од 3 метри, а при максималното ниво на водата не надминува повеќе од 6,5 метри има одморалишта за викенди и кампувања, ресторани и скокови за скијање. Вачевгајското езеро пак има населба за кампување, во која можат да се сместат околу 200 туристи. Овие езера дел од луѓето ги посетуваат поради скриените и тивки плажи, а некои поради забава овде има за сите по нешто.


Власинско Езеро
Власинско Езеро е акумулационо езеро кое се наоѓа на територијата на општина Сурдулица, во југоисточна Србија, со големина од 15 km2, и длабочина од 35 метри.Се наоѓа на 1 213 метри надморска височина и низ него на секој минута протекуваат 2 кубика првокласна вода. На самата обала на езерото се наоѓаат три села: Власина Округлица, Власин Рид и Власина Стојковичева. На местото на езерото Власина, во минатото постоело мочуриште, познато како Власинска кал, со варовник, трска и повремени површини со вода, од кои извирала реката Власина. Во 1946 година почнала изградбата на езерската брана која траела до 1949 година на местото на поранешната кал во Власина, а на 9ти април во 1949 година започнало полнењето на езерото. Ова езеро е карактеристично по пловните острови создадени од тресет и се вистинска атракција за туристите. Но покрај пловните острови на езерото има и два неподвижни острови Страторија која била остров во калта во Власина и Втор дел кој бил полуостров пред изградба на браната. Поради чистиот воздух и недопрената природа, поволните карактеристики на климата со која располага ова езеро се нарекува фабрика на црвени крвни зрнца, престојот на ова езеро позитивно влијае на пушачите, астматичарите, анемичните луѓе и сите оние кои сакаат да го подобрат своето здравје.
Интересно за ова езеро е што во неговата околина се регистрирани повеќе од 300 лековити билки, а карактеристично е што покрај нив тука може да се најде и многу реткото месојадно растение Росуља (Droseraceae).


Манастирот Студеница
Манастирот Студеница бил основан во 1190 година од страна на Стефан Немања како дел од српската православна црква, се наоѓа на околу 57 километри од Кралево и еден од најголемите и најбогатите манастири.Самиот  манастир се состои од три цркви: Богородица, Свети Јоаким и Ана и Свети Никола, кои биле изградени од бел мермер. Црквата на Богородица е црква со купола која на источниот крај има тристрана апсида, а на западниот крај кралот Радослав додал голем нартекс. Црквата Свети Јоаким и Ана која е позната како кралска црква е изградена во 1314 година, во форма на концизен крст со октогонална купола. Во манастирскиот комплекс се наоѓа и црквата Свети Никола и таа е црква без купола, насликана одвнатре во почетокот на 13 век. Помеѓу црквата Свети Никола и кралската црква се наоѓаат темелите на црквата посветена на Свети Јован Крстител која што се уште не е завршена. Манастирот е познат по своите фрески кои датираат од 13 век и почетокот на 14 век и се смета за еден од најубавите српски манастири заради префинетата архитектура на византиско-рашката школа, а се наоѓа и на листата на UNESCO од 1986 година. Главниот влез на манастирот е помеѓу две ниски кружни кули, а на западниот влез има висока кула со дрвен покрив. Порано во комплексот имало 14 цркви, од кои денес се сочувани само 3.

Најнови патувања