Топ 10 (top 10) Прекрасни места на Балканот кои мора да ги посетите барем еднаш.

Честопати бараме познати дестинации за да отпатуваме, а ги занемаруваме нашите дестинации на Балканот кои се “Дар од бога”. Ние имаме неколку предлози да отпатувате за продолжен викенд на места кои повеќето од вас не сте ги посетиле, и да се вљубите во нова убавина што ни ја дава Балканот.

Белград, Србија (Belgrad, Srbia)
Белград е добро познат и веќе е доста популарен, но сепак мора да се спомене од две причини: таму има многу што да се види и е многу блиску до Македонија, така што патувањето до таму би било доста евтино. Градот веќе важи за една од европските престолнини со најдобар ноќен живот.

Плитвице,Хрватска (Plitvice, Hrvatska)
Овие езера се наоѓаат во источна Лика, помеѓу планините Мала Капела и Плешивица, во непосредна близина на патот кој ги поврзува Загреб и Далмација. Регионот, каде се наоѓаат овие езера е објавен за национален парк на 8април 1949 година, а од 1979 година бил вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство.

Метеора, Грција (Meteora, Greece)
Во регионот на речиси недостапни врвови на карпи, монасите се населиле на овие „небесни колони“ од 11 век па наваму. Дваесет и четири од овие манастири биле изградени, и покрај неверојатните тешкотии. Нивните фрески од 16 век означуваат клучна фаза во развојот на поствизантиското сликарство.

Крка, Хрватска (Krka, Hrvatska)
Националниот парк Крка се наоѓа на околу 10 километри од Шибеник. Наречен по реката Крка, Паркот зафаќа површина од нешто повеќе од 142 квадратни километри и вклучува две третини од самата река. Врвна атракција на Паркот се неговите прекрасни водопади, вклучувајќи ги и познатите водопади Скрадински Бук, кои се едни од најпознатите знаменитости на Хрватска.

Сараево, Босна и Херцеговина (Saraevo, Bosna and Hercegnovina)
Многу малку градови во светот можат да понудат ваква разновидност на интересни работи во толку мала област како Сараево. Историските атракции, природната убавина и уникатното искуство на место каде „Истокот се среќава со Запад“ се сите причини што привлекуваат и продолжуваат да носат толку многу посетители во Сараево. Зимата нуди многу можности за зимски спортови и рекреација во снегот. Пролет и есен, со својата блага клима нудат можности за пријатно истражување на природните убавини на периферијата и жива програма на културни настани во градот. Летото е време кога градот, неговите плоштади и улици стануваат празник за време на движењето; тоа е времето кога градот живее дваесет и четири седум.

Мостар,Босна и Херцеговина (Mostar, Bosna and Hercegnovina)
Мостар своето име го добил по чуварите на мостот (mostari) кои во средниот век го чувале Стариот Мост по текот на Неретва. Стариот мост, изграден од страна на Османлиите од 16 век, е еден од најпретпознатливите обележја на Босна и Херцеговина.

Задар, Хрватска (Zadar,Hrvatska)
Најважното нешто што треба да се види и слушне во Задар се Морските оргули и Поздравот на Сонцето. Морските оргули се скалила изградени на самиот брег под кои има мали цевчиња кои со помош на силата на морето произведуваат звук во седум различни акорди од пет тонови, а звукот излегува од посебни канали. Поздравот на Сонцето, пак, е голем круг од стаклени плочки во кои е вградена опрема за собирање на соларна енергија и којшто почнува да свети веднаш штом зајде сонцето.

Ровињ, Хрватска (Rovin, Hrvatska)
Малиот хрватски град Ровињ со својот изглед многу потсетува на италијанските крајбрежни гратчиња. Впрочем, во градот и хрватскиот и италијанскиот јазик се службени.

Блед, Словенија (Bled, Slovenia)
Ако се зборува за природните убавини на Словенија кои вреди да се посетат, мора да се напомене дека тоа е мала земја од која секоја педа е живописна. Блед сигурно е едно од најубавите места на кои би можеле да заминете на прошетка. Бледското Езеро има кристално чиста вода и магично островче на средината. Вреден за посета секако е и Бледскиот Кањон, издлабен долж Радовна Река.

Шкоцјански пештери, Словенија (Shocjanski pesteri, Slovenia)
Шкоцјанските пештери во Словенија се полни со прекрасни сталактити и сталагмити, а дополнителна убавина и мистичност им дава и подземната река којашто се губи низ тунелите и пак се појавува. Ова е највисоката пештера во Европа.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR