Зошто го вклучивме Врело Буне во нашата програма за Босна?

Кога започнавме да создаваме патувања нашата главна цел беше да го поттикнеме македонскиот турист да се интересира повеќе за културата, уметноста и историјата на местото кое го посетува. Нашиот рецепт за уникатни доживувања на местата кои ги посетуваме се должи на приказните кои ги разкажуваме, но и приказните кои ги испишуваме за време на патувањето.

Затоа, она што е најважно од се е нашите патници да слушнат што е можно повеќе приказни кои истите тие приказни ќе може да ги допрат, почуствуваат па и вкусат.

Врело Буне е дестинација која раскажува многу испреплетени приказни. Овде се гушкаат историјата, архитектурата и природата. Ова место се наоѓа на реката Буна и е уникатен природен и архитектонски музеј. Изворите го хранат коритото со чиста и студена вода, а објектите кои се надраснуваат над водата се изградени уште од 15-ти век, што на ова место му дава културно значење.

Покрај ова, овде се наоѓа манастирот кој е изграден во 17-ти век, а исто така прекрасните карпи се дом на многу ендемични видови и разновидна флора.

Во текот на целата година, ова место има пријатна медитеранска клима, што значи дека е идеално за посета во текот на цела година.

Зошто не отпатувате за 8-ми Март? Погледнете ја нашата понуда со еден клик ОВДЕ.

Најнови патувања

цена од

159

EUR

сега од

129

EUR