zako.mk © 2024
14.04 – 17.04.2024
4 ДЕНА / 3 НОЌЕВАЊА
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 279 €
за уплати до 22.03.2024
Малта и нејзините сестрински острови Гозо и Комино – лоцирани во центарот на Медитеранот, со многу поволна клима и голем број сончеви часови и кристално сини води, претставуваат вистински рај за оние кои сакаат да доживеат ново искуство. Историското наследство на Малта сведочи за 7000 години долгата цивилизација и различни народи кои ја освојувале оставајќи свои траги, а својата слава ја доживела за времето на познатите витези од редот на Свети Јован. Наследството на различните доминации кои владееле над островите во текот на вековите може да се видат, почувствуваат и восхитуваат. Оваа необична мешавина на култури, мноштво на историски споменици и туристички атракции, придонесува Малта да зрачи со посебен шарм.
Авионски билет на релација: Скопје – Малта – Скопје;
Аеродромски такси
Трансфер на релација: аеродром – хотел – аеродром на Малта;
Сместување во хотел 3*на Малта – 3 ноќевања со појадок;
Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
Туристички придружник од страна на агенцијата за време на целото патување;
Професионална организација на аранжманот;
Доплата за куфер од 20 kg;
Туристичка такса 2 € на ден (се плаќа во агенција);
Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €;
Во цената на факултативните излети не е вклучен ручек и влезници во објекти или локации;
Индивидуални трошоци;
Патничко – здравствено осигурување;
Состанок на групата на скопскиот аеродромот во 13:00 часот. Полетување за Малта во 15:00 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот во Малта во 16:45 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел.Слободно време. Ноќевање.
Појадок.
Предлог – факултативна посета на Валета и Мдина. Се упатуваме на полудневен факултативен излет на централна Малта и посета на стариот главен град на островот, Мдина, уште познат и како тивкиот град. Додека се шетате низ тесните сликовити улички, ќе дознаете интересни историски податоци за островот Малта, ќе се искачите на градските ѕидини од каде што ќе имате прекрасен панорамски поглед на целиот остров. Продолжуваме кон Моста, град познат по кружната црква „Rotunda of St Marija Assunta“,изградена во 19 – ти век по примерот на Римскиот Пантеон. Црквата е позната и по фактот дека за време на II Светска Војна, била погодена со граната тешка 200 kg која пропаднала низ кровот, но не експлодирала. Реплика од гранатата сеуште се чува во црквата. Продолжуваме кон занаетчиското село Ta’Qali (поранешен воен аеродром), каде што се наоѓаат најразлични занаeтски услуги, како изработка на стакло, филиграни, дрвенарија, чипка и различни сувенири од островот. Во договорено време, тргнуваме кон Валета на организиран разглед со локален водич. Разгледот ќе ви овозможи да ги откриете убавините на градот изграден од Витезите на Св. Џон. Прошетката води кон Градините Горна Барака (Upper Barrakka Gardens) и неверојатен панорамски поглед на Големото пристаниште (Grand Harbour), како и посета на Ко – катедралата на Свети Јован (St. John’s Co – Cathedral), дом на ремек – делото на Караваџо (Caravaggio) – “Обезглавувањето на Свети Јован” (“The Beheading of Saint John”). Слободно време за индивидуални активности низ преубавата Валета. Индивидуално враќање назад во хотел. Ноќевање.
Појадок.
Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо (Calypso’s Island), вториот најголем остров во Малтешкиот архипелаг. Поаѓање во утринските часови со климатизиран автобус кон главниот град, а воедно и најнаселено место на островот, градот Victoria во минатото познат како Rabat. Главна атракција е цитаделата која се наоѓа на височина од каде се гледа панорама на целиот град од 360˚. Првите остатоци на градот датираат уште од неолитот, но првата тврдина започнала со градба од страна на Феничаните, подоцна продолжена од Римјаните. Денешниот изглед тврдината го добива околу 17 – ти век, кога била довршена од витезите на Малтешкиот ред. Оваа тврдина во минатото неколкупати била уништувана, што е главна причина мал дел од истата да е во оргиналната градба. На местото каде што некогаш се наоѓале 3 цркви, подигната е импресивна катедрала покрај која се наоѓа археолошкиот музеј. Продолжуваме кон предисторискиот комплекс Ggantija Temples, постара градба и од египетските пирамиди или Стоунхенџ, како и познатата област со огромни карпи Dwejra и познатото селце Xlendi. Слободно време за индивидуални активности и ручек во организација на агенцијата.Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.
Појадок.
За последниот ден можност за факултативна посета на Marsaxlokk (се изговара „марса-шлок“) значи „јужно пристаниште“ и се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Ова е најголемото рибарско село на Малта, неговиот шарм се крие, не само во одличните риби што се нудат, туку и во романтичната сценографија каде голем број живописно обоени чамци танцуваат на благи бранови. Тоа е сцена која ги одмора и душата и очите. Препорачуваме патување кое вклучува тура со брод до познатите пештери Blue Grotto кои што се уште една од локациите на Малта кои вредат да бидат посетени.Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време враќање назад и трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:45 часот. Слетување во Скопје наредниот ден во 01:25 часот.
Сместувањето е во хотел со 3* на база на појадок. Хотелот се одредува на неколку дена пред поаѓање во зависност од големината на групата. Хотелските соби се двокреветни и трокреветни, опремени со тоалет и купатило, тв.
Пријавување за факултативи при уплата на арнжман.За реализација на истите потребно миниму 14 пријавени патници
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупнот износ на аранжманот и копија од валиден пасош;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Целодневен факултативен излет на островот Гозо (трансфер + локален водич) – 60 €;
Факултативен излет – Marsaxlokk (рибарското село – трансфер + придружник од агенцијата) – 30 €;
Факултативен излет на Валета и центарална Малта (трансфер + локален водич) – 55 €;
За патување кое е организирано од страна на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ, патникот може да се пријави во сите простории на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ. Пријавата станува валидна по потврдата од страна на службата за резервации, со обврзно потпишување на писмен договор за патување. Со својот потпис на договорот за патување, патникот потврдува дека е запознаен со содржината на Општите услови на патување како и со програмата на патување и дека тоа го прифаќа. Со пријавата, патникот е должен да уплати обврзна аконтација во висина од 30% од износот на целиот аранжман, доколку не е поинаку предвидено во програмот на патување. Останатиот износ се уплатува најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето, доколку со програмот на патување не е одреден друг рок. Доколку патникот во рокот кој е предвиден со договорот, програмот на патување или со општите услови на патување не ја изврши уплатата во целост, организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците за отказ на аранжманот согласно на Член 10 Откажување од патувањето од страна на патникот.
Организаторот на патувањата е должен пред се да се однесува со внимание како во поглед на услугата така и со одбирањето на лицата на кои им е поверено извршувањето на поедини услуги и да се грижи за интересот на патниците согласно професионалните принципи во туризмот. Покрај тоа организаторот на патувањето е должен да:
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако имиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
3. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ
Право и должност на патникот е пред се да се запознае со програмот на патувањето како и со содржината на општите услови за патување, кои ги прифаќа со потпишување на договорот во свое име или во име на корисникот за чии потреби се врши уплатата.
Патникот е должен да ја изврши уплатата на аранжманот по условите предвидени со програмот на патување како и со договорот.
Патникот е должен да, на барање на организаторот, благовремено ги достави сите потребни податоци за организирање на патувањето.
Патникот е должен да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и во земјата каде патува. Патникот може да одреди друго лице да го користи аранжманот во негово име (под услов тоа лице да ги задоволува потребите предвидени за одредено патување), и во тој случај патникот е должен да изврши надокнада на реалните трошоци предизвикани со замената, на организаторот.
4. ЦЕНА, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ НА АРАНЖМАНОТ
Цените се објавени во програмот на патување и утврдени се врз основ на договор со нашите странски партнери и не мораат да одговараат со цените објавени на лице место. Разликата во цените не може да биде предмет на рекламација. Организаторот може да предвиди дека некои услуги кои се користат во странство треба да му се платат директно на странскиот партнер, и во тој случај Т.А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ ги презема сите обврски на својот странски партнер кон патникот, за евентуални неизвршени или непотполни услуги.
Цената на аранжманот по правило вклучува (доколку не е поинаку назначено во програмот на патување): услуга за превоз, хотелски и угостителски услуги, и организација на патувањето. Доколку е наведено цената може да вклучува и аеродромски такси, како и трошоци за стручен и локален водич.
Цената на аранжманот по правило НЕ вклучува (доколку не е поинаку наведено); факултативни излети, трошоци за вадење и добивање виза, влезници за објекти кои се посетуваат и осигурување.
Сите видови на посебни услуги (едно креветни соби, додатни оброци и др.) патникот сам ги плаќа и должен е да ги нарача при пријавата на патувањето. Доколку патникот сака посебна услуга за време на патувањето, истата ја плаќа на странскиот партнер во валута на земјата во која се наоѓа.
Траењето на аранжманот одредено е со календарска дата (а не час) на поаѓање и враќање, особено кај авио аранжманите, пред се поради апсолутна невозможност во моментот на објавувањето на програмата да се прецизира часот на полетување на одење и враќање за чартер летовите, траење на трансферот и слично. Тоа значи дека првиот и последниот ден не подразбираат одредено време траење на престојот, туку само го означуваат денот на почетокот и завршувањето на патувањето, поради што корисникот на патувањето нема право на приговор (влегување во хотелски соби во попладневни часови, напуштање на собите во раните утрински часови, и слично).
5. ПРАВО НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА И ПРАВО НА ОТКАЗ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА
Цената на аранжманот одредена е со ценовник валиден на денот на склучување на договорот кој ги обврзува двете договорни страни, освен во законот за предвидени случаи каде организаторот може да инсистира на зголемување на цената. Организаторот на патувањето може да инсистира на зголемување на договорената цена доколку после потпишувањето на договорот дошло до промена на курсот во размена на валутите, или до промена во тарифите на превозникот кои влијаат врз цената на патувањето. За зголемување на цената организаторот е обврзен да го извести патникот писмено или усмено со образложение.
Доколку зголемувањето на договорената цена преминува 10% патникот може да го раскине договорот без обврска за надокнада на штета, но најдоцна два дена од известувањето за зголемување на цената. Во тој случај на патникот му се враќа аконтацијата во целост. Доколку патникот не го почитува рокот, се смета дека е согласен со новата цена. Организаторот е во секое време овластен да, во зависност од состојбата на маркетот и сопствената деловна политика, ја намали цената на аранжманот и истото е валидно само во иднина без оглед на однапред склучен договор, па не може да претставува основ за било каква рекламација кон организаторот за повраток на средства за евентуална разлика во цената.
Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето (на пример, попусти од типот “last minute”) не може да се однесуваат на веќе склучени договори и не можат да бидат основ за било каков приговор или рекламација на патникот на организаторот на патувањето.
6. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГА
Понудените хотели, апартмани и други објекти во програмите на Т. А. ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ опишани се спрема официјалната категоризација. Исхраната, комфорот и другите услуги зависат од цената и се разликуваат во зависност од одредиштето. Организаторот на патувањето не го обврзуваат усните рекламации, на продажните места, кои не се во склад и отстапуваат од описот даден во писмениот програм на патувањето.
7. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ / АПАРТМАНИ
Распоредот на собите и апартманите е одреден од страна на рецепцијата во местото на престојот. Хотелите кои се користат за летувања составени се од повеќе објекти. Доколку патникот однапред не договорил стриктно за каква соба треба да се работи должен е да прифати било каква службено регистрирана соба/апартман во објект опишан во програмата на патувањето, без оглед на тоа дали собата се наоѓа во централна зграда или пак во друг објект во склоп на хотелските капацитети.
Доколку е во можност, организаторот секако ќе му излезе на секој патник во пресрет, но не може да гарантира за исполнување на посебните услуги.
Патникот ја превзема одговорноста за почитување на правилата на однесување во објектот каде е сместен, а се однесува на внесување на храна, пијалаци и друго како и изнесување на храна од шведската маса и слично. Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштањето на собите е до 10:0 часот (Доколку во куќниот ред не е поинаку назначено). Услугата СЕ ВКЛУЧЕНО ја подразбира услугата по хотелски правила и не мора да биде иста во сите хотели во сите одредишта.
Сите услови објавени во програмот на патувањето се однесуваат исклучиво за државјани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, а организаторот НЕ Е ДОЛЖЕН да ги предупредува патниците кои не се државјани на истата на условите (визи на пр.), туку е тоа обврска на патникот, странскиот државјанин да ги обезбеди потребните услови и исправи благовремено.
Патник кој се пријавува за патување во странство мора да има важечки документи, и во рок предвиден во програмот на патување да ги достави сите потребни документи за виза за земјата во која патува, доколку визата ја вади организаторот. Организаторот не гарантира за добивање на виза.
Патникот е тој лично должен да внимава на своите патни исправи и доколку за време на патувањето, дојде до губење или кражба на патна исправа или други документи, трошоците за издавање нова патна исправа како и останати трошоци се на товар на патникот.
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат, а кои би биле доволна причина за откажување на патувањето. Доколку патувањето се прекинува од вакви причини, организаторот има право на надокнада за услугите кои ги пружил.
Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, во склад со одредбите на патувањето, за што е должен да ги извести патниците благовремено, а најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска да изврши повраток на средствата во целост без одлагање, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.
Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето.
Патникот има обврска да му ги надокнада на организаторот само реалните трошоци доколку до откажување на патувањето дошло поради околности кои не можеле да бидат предвидени, отклонети ни избегнати, а кои би претставувале оправдана причина за несклучување на договор ако постоеле во тоа време. За такви причини патникот мора да достави валидни докази и само под тие услови може да изврши повраток на средства, доколку тие ги надминуваат реалните трошоци. Организаторот на патувањето, во случај да патникот кој го откажал патувањето најде замена или пак организаторот обезбеди замена, на патникот мора да му изврши повраток на сите средства во целост, со одбивање на само реално направените трошоци.
Организаторот на патувањето има право на измена на програмот на патување, доколку истата е предизвикана од вонредни околности кои не можеле да бидат предвидени од организаторот, со тоа што трошоците настанати како последица на измената на програмот, паѓаат на товар на организаторот. Замена на договореното сместување може да се врши само со употреба на објект од иста или повисока категорија, во исто одредиште.
Секој патник поединечно, има право на приговор поради неизвршена или делумно извршена услуга и обврзан е да приложи писмена рекламација кон организаторот на патувањето најдоцна во рок од 8 дена по завршеното патување. По истекот на овој рок организаторот не е должен да ја земе во предвид рекламацијата. Исто така организаторот не е должен да ги разгледува групните рекламации доставени без полномоштво за застапување, како ни рекламации без конкретен приговор за секој член од групата посебно. Во интерес на патникот е да ја достави рекламацијата лично со потврда за прием од овластено лице.Доколку до неизвршување на услуги дошло по вина на организаторот, патникот има право на оштета во висина на реалните вредности на неискористените услуги. Организаторот е должен да одговори на уредно доставената рекламација во рок од 15 дена од нејзиниот прием.Висината на надокнадата која се исплатува по основаниот и благовремен приговор, сразмерна е со степенот на неизвршената или делумно извршената услуга, што значи дека истата не може да ги вклучи и извршените услуги, ниту пак да го достигне износот на целосната уплата.
Организаторот на патувањето одговара за штетата која ја предизвикува на патникот поради потполно или делумно неизвршени обврски кои се однесуваат на организација на патувањето во склад со одредбите на Законот за облигациони односи. Барањето за надокнада на штета се поднесува во тек на патувањето а најдоцна 8 дена по истекот на патувањето. Во интерес на патникот е своето барање да го упати директно на лицето кое ја пружа услугата (рецепција, превозник, туристичка агенција во странство). Доколку приговорите не се уважени, пожелно е да се бара писмена потврда од која ќе се види дека услугата не е извршена како што во програмата на патување е предвидено.
Патникот има право на бесплатен превоз на багаж до 15кг на чартер летовите и 20кг на редовните линии. Кај автобускиот чартер превоз дозволен е бесплатен багаж од една патна торба (до 20кг) по патник. За секој килограм багаж односно секоја патна торба преку дозволеното се плаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и деца кои не плаќаат билет во автобусот, права на бесплатен багаж имаат согласно меѓународните правила. Како багаж не се дозволува внесување на трговска стока, храна, пијалаци, лекови, наркотици, хемиски и други запаливи средства, оружје, животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот од возило, патникот со лично присуство одговара за истиот. Организаторот на патувањето не превзема одговорност за изгубен, оштетен багаж, ниту за кражба на истиот, за време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник.
Патникот е должен стриктно да ги почитува царинските и девизните прописи, како во Р. Македонија, така и во земјите во кои е во транзит и крајните одредишта. Во случај на спречување на патувањето поради кршење на наведените прописи, сите последици и трошоци ги сноси самиот патник.
Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење или евентуални лекарски интервенции ќи плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија, кое може да се уплати во агенцијата.
Попустите за деца се одредени од страна на хотелиерите и се толкуваат со ограничување (ако попустот важи за деца до 2 години, за дете со 2 години и еден ден попустот не важи).
Договорените страни ќе се обидат спорните прашања во врска со овој договор да ги решат спогодбено, а во спротивно надлежен е судот во Скопје.
zako.mk © 2024