Menu

ИСТАНБУЛ ЗА 2-РИ АВГУСТ СО 3 НОЌИ

цена од

139

EUR

сега од

119

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
31.07.2024
04.08.2024
Автобус
Хотел

Кога ни доаѓа продолжен викенд, размислуваме каде да прошетаме а да не потрошиме многу пари .
Дестинација која се покажа како ексклузивна приказна на нашата агенција е магичниот Истанбул.

Град на два континента, преку 20 милиони жители, историја, уметност, храна и многу приказни.
Овој впечатлив град ги комбинира ориенталните и европските елементи на начин што ќе ве поттикне да сакате да го истражувате и да дознаете што е можно повеќе за него.

Градот отсекогаш бил, а и ден денес е истакнат центар на економијата, културата и трговијата, каде трговците, локалното население и туристите од сите различни делови на светот доаѓаат да го искусат егзотичното.

Многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“.

Препознатлив по беспрекорната турска кујна, со уникатни рецепти како познатиот Искендер, сендвич со риба, баклава, ќунефе, алва во боја и секако турски локум,Истанбул е град каде сите традиции се спојуваат во едно.

Наполеон Бонапарта за Истанбул рекол: „Ако светот беше една држава, Истанбул ќе беше нејзиниот главен град”.

Што е вклучено во цената

  • Три ноќевања и појадок во хотел со 3*
  • Автобуски превоз
  • Туристичка такса
  • Лиценциран туристички придружник
  • Посета на Капали Чаршија
  • Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “
  • Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

Што не е вклучено во цената

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување

План и програма

31.07.2024 - ПРВ ДЕН ( среда )

Состанок на групата : 16:00 h
Поаѓање кон Истанбул : 16:30 h
Место на поаѓање ( Скопје ) – паркинг при хотел Русија – општина Аеродром

Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.

Предвидено пристигнување во раните утрински часови.

01.08.2024 - ВТОР ДЕН ( четврток )

Пристигнување на групата во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепција во хотелот каде според  списокот на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби.

Check in во хотелот е после 14:00 часот

По самото пристигнување групата заедно со туристичкиот придружник го започнува своето патување.
Започнуваме со посета на Миниатурк – Турција во минијатура .

Миниатурк
е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.

Слободно време за прошетка низ Миниатурк – 45 мин до 1 час.

По посета на Миниатурк се упатуваме  кон Ортаќој.

Првиот ден ни завршува со посета на Ортаќој .
Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој
Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

Враќање во хотел.
Ноќевање.

02.08.2024 -ТРЕТ ДЕН (петок)

Појадок.

По појадокот групата се упатува на пешачка тура за прошетка до Капали Чаршија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи Капали Чаршија се наоѓа на 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарењето во чаршијата. Водичот ги носи до Аја Софија и Сината Џамија, кадешто може кој сака индивидуално да влезе, редот е многу голем и се чека со часови па затоа не е изводливо да влеземе како група.

Балат
Балат важи за една од Христијански те населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонски мајстори, и кадешто е закопан Патреније Зоографски.
По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.

Таксим Плоштадот

Турата завршува со посета на плоштадот “Tаксим”. Главниот центар на градот,на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај!
На Истакал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња,а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки.

03.08.2024 - ЧЕТВРТИ ДЕН ( сабота )

Крстарење по Босфор

90 минутно крстарење, незаборавно дружење и доживување,еден поинаков Истанбул,сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште ,има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.

Бејлербеи
Оваа историска знаменитост е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа Во непосредна близина на Босфорскиот мост, во азиската облас. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турска култура од блиски преку многубројните соби и хали.

Палатата Ќучуксу

Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.

Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.

Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.

Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.

Кадиќој

Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.

Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.

Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.

Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.

Бујук Џамлича тераса 
Денот го завршуваме со посета на една од најубавите тераси со прекрасен поглед на магичниот Истанбул.
Пауза за уживање и фотографирање.

Враќање кон хотел.
Ноќевање.

 

04.08.2024 - ПЕТТИ ДЕН ( недела )

По појадокот во хотелот следува одјавување и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки.
Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник.

Од историја, култура, животен стил па се до шопинг.

Кој не би сакал шопинг?

Во трговскиот групата ќе има околу два ипол до три часа слободно време за шопинг.

По шопингот, поаѓање кон Македонија.

Пристигнување во Македонија после полноќ.

Сместување

Хотел 3 * во населбите Аксарај или Лалели

Сместување во хотел со 3* со вклучен појадок на база на шведска маса .

Хотелите се наоѓаат во населбите Аксарај и Лалели на само 15 – 20 минути пешачење од Капали Чаршија.

Патниците се известуваат за хотелот 2 дена пред поаѓање.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Задолжителна проверка на пасошот.

Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција и да е од новите пасоши со Р.С.Македонија.

МОЖНОСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВРЕДНОСНИТЕ ВАУЧЕРИ ЗА ОТКАЖАНИТЕ АРАНЖМАНИ

Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.

За сингл соба се доплатуваат 25 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

СЕКОЈ ПАТНИК ИМА ПРАВО НА ЕДЕН КУФЕР И РАЧЕН БАГАЖ.

Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
Деца од 3 до 11,99 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.

Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.

Резервации за одреден кат или страна не е можна.

Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Патувањето ќе се реализира преку Република Грција до Турција

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

МИНИАТУРК, ОРТАЌОЈ

Цена за пакет: 25

  • Миниатурк е доказ за богатата историја и архитектонската величина на Турција.
    Овој музеј на отворено, лоциран во Истанбул, прикажува прецизно изработени минијатури на познати знаменитости од целата земја.
    Секоја минијатурна структура е придружена со детални информации за нејзиното историско значење.
  • Ортаќој
    Кога веќе зајдисонцето наближува,денот го завршуваме во Ортаќој.
    Сместен на брегот на Босфор , денот го завршуваме со прошетка уживајќи во едно од најубавите зајдисонца .

БАЛАТ & ТАКСИМ ПЛОШТАД

Цена за пакет: 25

  • Балат
    Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.
  • Таксим плоштад
    Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР , БЕЈЛЕРБЕИ, ПАЛАТА ЌУЧУКСУ, КАДИЌОЈ , БУЈУК ЏАМЛИЧА ТЕРАСА

Цена за пакет: 85

  • Крстарење по Босфор
    Ви нудиме 2 часа крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул
  •  Бејлербеи

    Оваа историска знаменитост  е често посетувана од страна на многубројни туристи токму поради сплетот на турски и сегменти од западот. Се наоѓа во непосредна близина на Босфорскиот Мост, во Азиската област. Во овој музеј ќе имате прилика да ја доживете турската култура од непосредна близина прку многубројните соби и хали кадешто поминувале време турските султани. Доколку сте љубител на мачки, ова е вистинска можност да пиете кафе покрај Босфорскиот мост, со поглед којшто е незаменлив со мачки насекаде околу Вас.
  • Палата Ќучуксу
    Павилјонот Ќучуксу е летна палата во Истанбул. која ја користеле османлиските султани при своите кратки престојувања и кога оделе на лов.Сместена во населбата Ќучуксу во областа Бејкоз на азискиот брег на Босфор, малата палата е дизајнирана од Никогос Балјан и завршена во 1857 година.Павилјонот се состои од два главни ката и подрум со кујна, сала и службенички простории. За разлика од другите градини на палатата со високи ѕидови, нејзината градина е опкружена со огради од леано железо со една порта на секоја од четирите страни.Во почетокот на републиканската ера, локацијата неколку години се користела како државен пансион. Од темелната реставрација во 1944 година, палатата е отворена за јавноста како музеј.
  • Кадиќој
    Кадиќој е една од најпознатите области во Истанбул, Турција. Се наоѓа на анадолската страна од градот, на брегот на Мраморно Море.Денеска, овде се наоѓаат едни од најголемите станбени и финансиски центри во градот.Претсавува живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.
  • Бујук Џамлича Тераса
    Денот го завршуваме со посета на една од најубавите тераси со прекрасен поглед на магичниот Истанбул.
    Пауза за уживање и фотографирање.

ВИП ПАКЕТ

Цена за пакет: 125

Вип пакетот вклучува посета на сите атрактивни знаменитости .

 

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

209

EUR

сега од

169

EUR