Menu

Мини Екс ЈУ патување

цена од

250

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
20.04.2023
24.04.2023
Автобус
Хотел

Некои од вас живееле во времето на Југославија, некои биле родени во времето на Југославија а некои не ни биле родени. Во поранешна Југославија има доста места што треба да се посетат без разлика дали сте ги посетиле или не.  Во април месец организираме тура за посета на неколку места од ЕКС ЈУ. Во продолжение програмата

Што е вклучено во цената

  • Автобуски превоз
  • Сместување во хотел 3, на база 3 ноќевања со појадок;
  • Организиран разглед и прошетки со локален водич во Котор;
  • Организиран разглед и прошетки со локален водич во Дубровник;
  • Организиран разглед и прошетки со локален водич во Сараево;
  • Крстарење низ Которскиот залив
  • Организација на програмата и придружник на патувањето;
  • Вклучена туристичка такса.

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

План и програма

ПРВ ДЕН 20.04.2023 (ЧЕТВРТОК)

Состанок на групата околу 21:00ч на паркингот кај хотел Русија. Патувањето се одвива преку Косово, Aлбанија и Црна Гора. Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН 21.04.2023 (ПЕТОК) Котор-Пераст-Тиват-Будва

Пристигање во Котор во утринските часови. Утрото започнува со раглед на стариот дел од градот со локален водич во кој има многу кафетерии, сувенирници, црквата Свети Лука изградена во готски стил, црквата Св. Никола, најзабележителната Катедрала на Свети Трифун итн. По разглед, следува крстарење со глисери низ Которскиот залив. На ова крстарење ќе го посетиме островот именуван по црквата која датира од 15-ти век, Богородица на Скрпела. Според морнарите се верува дека тука ја пронашле иконата на Св. Богородица. Ќе има можност за 20-30 минути пауза за фотографирање на островот. Авантурата продолжува во градот Пераст, град кој е под заштита на UNESCO благодарејќи на неговата барокна архитектура, град полн со историја и атракции. По завршување на прошетката во Пераст се упатуваме кон градот кој го споредуваат со Монако, градот Тиват, со слободно време за индивидуални активности (препорачуваме кафе, ручек и уживање покрај пристаништето кое нуди поглед кон море и луксузните јаxти). Во попладневните часови се упатуваме кон Будва, имаме разглед на стариот град на Будва и следи сместување во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 22.04.2023 (САБОТА) Будва-Дубровник-Мостар

Појадок. По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон посета и разглед на Дубровник со локален водич. Дубровник е една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Тоа е место на богато историско наследство, а највредниот дел од тоа наследство се импозантните ѕидови на Дубровник. Цел во камен, како и целиот Стар град, го покажува целиот свој барокен сјај со палатите и црквите што го опкружуваат. Тука се и најпознатите манастири – Фрањевачки, Св. Клер, а нешто подолу и Доминиканскиот. Фрањевачкиот манастир е исто така познат како „Малите браќа“, со што го симболизира духовниот повик на овој поредок, а тука е и веќе споменатата аптека од почетокот на 14 век. Поради своето средновековно старо јадро, кое го задржа автентичниот изглед до денес, Дубровник привлекува многу филмски продуценти, кои сметаат дека е идеална локација за снимање популарни филмови и серии. Слободно време за индивидуални активности. Патот го продолжуваме кон Мостар. Пристигање и разглед на Мостар. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување како на пр. Кујунџилук улицата (со калдрма) за прошетка или шопинг. Сместување во хотел. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 23.04.2023 (НЕДЕЛА) Мостар-Сараево-Видеград-Златибор

Појадок и одјава од хотел. Се упатуваме кон Сараево кој е познат исто така како “Ерусалим на Балканот” бидејќи на радиус од 30м има црква, џамија и синагога. Градот е поделен на повеќе дела, од кои најмногу ќе ви остави впечаток австро-унгарскиот дел каде се наоѓаат најпознатите пабови во градот.  Разгледот започнува од Вијечница па оди кон местото каде што е извршен атентатот на Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, поточно почетоците на Првата светска војна, хотел Европа, плоштадот “Маршал Тито”, Бегова џамија и Башчаршија.  Околу час и половина слободно време за прошетка. Во договореното време заминуваме кон Вишеград. Ќе го посетиме симболот на градот, познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имаме можност да го посетиме Aндриќград познат како и камен град чиј инвеститор е познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица, а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Заминуваме кон Златибор. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање

ПОСЛЕДЕН ДЕН 24.04.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) Златибор-Врњачка бања-Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Сместување

Сместувањето е во хотели со 3* на база појадок

Цени

Од

20.04.2023

До

24.04.2023

Промотивна цена до 31.01.2023

Цена

250 EUR

Важно

  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на распоредот во програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, лоши временски услови, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патување со пасош
  • За реализација на аранжманот е потребно мин. 40 патници
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Сите факултативни излети се вклучени во цената на аранжманот

Цена за пакет: вклучени во цена

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања