zako.mk © 2024
На 400км оддалеченост по копнен пат и 3 часа со траект нашата екипа пристигна на островот Скијатос! Овој остров за разлика од островот Крф, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Дали може да замислите?
Островот – Скијатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика, но сите песочни! Градот Скијатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби. Скијатос, еден од најпопуларните острови на Грција. Познат е по златните плажи, зеленилото и живописната природа. Овој остров е за сечиј вкус, омилена дестинација за младите кои сакаат луд и незаборавен одмор, но и за семејствата кои имаат избор на мирни плажи за вистински одмор. Најпопуларните плажи се наоѓа на јужната страна на островот.
Факултативните излети се одвиваат еден ден од седумте дена дадени во термините. За точен ден на факултативни излети се одлучува на неколку дена пред поаѓање на смената.
Со поглед на живописниот залив Трулос, хотелот Есперос нуди одлични студиа со балкони за одлична рекалсација. На само 500 метри од прекрасна празна песочна плажа „FLUVIA“ опколена со борова шума и заведена од шумовите на брановите на чистото море, Есперос е иделално место за оние коишто бараат мирен одмор. Студиата во хотел Есперос располагаат со мину кујна која има фрижидер, посебно купатило со тоалет, телевизор и клима и балкони коишто имаат поглед кон борова шума, а дел од нив и кон морето. Сите соби располагаат со клима уред и телевизор. Гостите во Есперос може да приготвуваат свои оброци или да нарачат ужина од барот и да уживаат на балконот или во дворот на хотелот. Непосредно пред самиот хотел се наоѓаат и ресторани со традиционална храна и продавници. Хотелот се наоѓа до автобуска станица која може да се крористи за посета на Кукунариес или Банана Бич. А исто така може да се посети и градот Скијатос.
На само 10 минути пеш од хотелот, се наоѓа една од најпознатите плажи „Трулос“ која дефинитивно ќе биде вашиот вистински избор каде би го поминале одморот на Скијатос.
Есперос располага и со паркинг простор за патниците коишто ќе патуваат со сопствен превоз, а кој е бесплатен. Исто така, бесплатен е и безжичниот интернет. Од пристаниште до хотелот е обезбеден транспорт.
За повеќе фотографии од вилата скролајте најдолу на сајтот.
03.06.2021
10.06.2021
15% попуст до 31.05
110 EUR
94 EUR
10.06.2021
17.06.2021
15% попуст до 31.05
122 EUR
99 EUR
17.06.2021
24.06.2021
15% попуст до 31.05
133 EUR
109 EUR
24.06.2021
01.07.2021
15% попуст до 31.05
153 EUR
130 EUR
01.07.2021
08.07.2021
15% попуст до 31.05
193 EUR
145 EUR
08.07.2021
15.07.2021
15% попуст до 31.05
215 EUR
149 EUR
15.07.2021
22.07.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
149 EUR
22.07.2021
29.07.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
169 EUR
29.07.2021
05.08.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
149 EUR
05.08.2021
12.08.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
169 EUR
12.08.2021
19.08.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
169 EUR
19.08.2021
26.08.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
169 EUR
26.08.2021
02.09.2021
15% попуст до 31.05
255 EUR
169 EUR
02.09.2021
09.09.2021
15% попуст до 31.05
199 EUR
169 EUR
09.09.2021
16.09.2021
15% попуст до 31.05
155 EUR
132 EUR
16.09.2021
23.09.2021
15% попуст до 31.05
130 EUR
110 EUR
23.09.2021
30.09.2021
15% попуст до 31.05
110 EUR
94 EUR
Сте слушнале за ЕТА CASHBACK картичката?
Со секоја ваша уплата на аранжман, добивате CASHBACK поени изразени во денари. Патникот добива повраток на средства од 400 до 4.100 денари CASHBACK во зависност од уплатата.
Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок.
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!
За ова патување важат општите услови за патување на Т.А Ескејп Травел. Истите помежете да ги превземете во „ПРЕВЗЕМИ ЈА ПОНУДАТА“
zako.mk © 2024