Menu

Велигден на Oстров Крф 2023

цена од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
13.04.2023
17.04.2023
Автобус
Приватно сместување

Сакате да сте сведоци на една поразлична велигденска прослава? Сакате да бидете сведоци на традицијата која се раскажува секоја година за велигденските денови? Да бидете на Крф за Велигден не е секојдневие.  Атмосфера на радост, веселба и славење на свети Спиридон чии мошти се изнесуваат од гробницта и носат по улиците на градот нуди едно поразлично доживување. Сплет на културолошките активности со прославата на Велигден е далеку поразлична од било кое место во целиот свет. Ова четиридневно уживање ќе ве воодушеви и ќе ви отвори сосема нови видици за тоа како се слави Велигден на овој остров. Без разлика дали сте биле на островот Крф летно време или не, прославата за Велигден претставува нешто друго. Програма која ја реализираме со години, во продолжение повеќе детали.

Што е вклучено во цената

3 ноќевања во Ипсос (20 км од градот Крф)

Автобуски превоз на релација Скопје – Крф – Скопје

Повратен билет за траект

Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)

Туристички придружник од агенција

Што не е вклучено во цената

Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис

Посета на Ахилеон палатата  (транспорт и влезница)

Велигденски ручек (цена дополнително)

Патничко осигурување

Индивидуални трошошци

План и програма

ПРВ ДЕН (13.04) ЧЕТВРТОК

Собир на групата пред Хотел Русија околу 22-23 часот. За точно време на поаѓање кон остров Крф патниците ќе добијат инфо најдоцна на два дена пред поаѓање, во зависност од возниот ред на траект компаниите.

Ноќно возење со попатни паузи.

ВТОР ДЕН (14.04) ПЕТОК

Траектот е во утринските часови. Возењето со траект би бил на релација Игуменица – Лефкими или Игуменица – Крф. Патниците добиват инфо на 2 дена пред поаѓање. Пристигнување на Крф. Сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е денот на Христовото страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многуте присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН (15.04) САБОТА

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

15:00 часот-Враќање во Ипсос.Слободно време за одмор и индивидуални активности.

21:30 часот-Поаѓање кон градот Крф за проследување на последниот дел од традиционалната прослава,односно Христовото Воскресение.

На полноќ,илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет.

Враќање во Ипсос.Ноќевање

ЧЕТВРТИ ДЕН (16.04) НЕДЕЛА

Овој ден е предвиден за прошетка низ Крф. Ги посетуваме Палеокастрица и фабриката Мавроматис.

Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

Враќање во апартманите.
Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН (17.04) ПОНЕДЕЛНИК

Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч. Пред да си заминеме кон Македонија ние имаме еден супер ден за посета на неколку места на островот Крф.

Прва посета преку факултативен излет за оние кои ќе се одлучат да го купат пакетот е:

– Канони
Едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина.

-Второ попатно застанување со автобусоте паркот на принцот Филип.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

-Трето застанување е ЕТА селцето.

“Запознајте ги локалните мештани на островот Крф” е наша ексклузивна екскурзија која ЕТА започнува да  ја реализира во 2023-та година. Како прва македонска агенција на остовот Крф одлучивме да ве запознаеме со душата на островот, со начинот на кој локалното население живеело во минатото, но и како функционира денеска.

Ние ве водиме во ЕТА селцето кое е изградено во минатото, а реконструирано денеска. Во самото селце има голем број на локални продавнички од кои можете да ги купите вашите сувенири за дома. Во самото селце имате занаетчиски работилници, ресторани кои служат локална храна и секако многу тајни сокаци и одаи низ кои можете да прошетате и да уживате во тоа што го уживале разни буржоазиски семејства.

Оние кои нема да го купат пакетот имаат слободно време во градот Крф.

Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје.

Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

Сместување

Сместување во приватни апартмани

Сместувањето ќе биде во приватни апартмани во местото Ипсос (20 км од градот Керкира)

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Од

13.04.2023

До

17.04.2023

Со уплата до 28.02.2023

Цена

139 EUR

Важно

  • Т.А EСКЕЈП ТРАВЕЛ издава ваучер за одложување на патување во случај:
  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест),Затвoрање на граници и Виша силa
    • Патниците при уплата се изјаснуват за користење на екскурзиите
    • За деца од 3 до неполни 11,99 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 11.99 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
    • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
    • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
    • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
    • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
    • Сместувачките капацитети се приватни сместувања во Ипсос.
    • Сместувачките капацитети располагат со 1/2, 1/3 и 1/4 студиа.
    • Хигиената во самиот објект ја одржуват гостите.
    • Користење на клима не е вклучена во цената и истата се доплаќа кај сопствениците на објектите
    • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на Палеокастрица и фабриката за производство на специјалитети од Кумкват

Цена за пакет: 20€

Ние велиме дека не сте биле на островот Крф ако не сте ја посетиле Палеокастрица. Еден од најубавите предели на островот Крф. Палеокастрица нуди две прекрасни плажи со тиркизно море. Едната е песочна плажа, а другата е карпеста. Помеѓу двете плажи се наоѓа манастирот Пресвета Богородица, коj е стациониран на брдо кое како видиковец ви нуди прекрасен поглед кон отвореното Јонско Море. Нашите сместувања се наоѓаат на источниот брег на осторвот, а Палеокастрица е на западниот брег. Самото патување до Палекастрица е приказна, бидејќи ќе ја имате можноста да се запознаете со прекрасната вегетација на островот.

Покрај Палеокастрица, ќе ја посетиме и фабриката за производство на разни специјалитети од Кумкват. За повеќето од вас Кумкват е нешто сосема ново што го слушате за првпат, но треба да имате предвид дека ова е растение кое расте исклучиво на осторовт Крф. Доста скапо овошје, кое мештаните го третираат како природното злато. Денеска на островот Крф се наоѓа фабрика за производство на ликери од Кумкват, а покрај ликерите се произведуваат и разни благи закуски. Ние со посетата ќе имаме можност да дегустираме разни специјалитети и ликери.

Турата е целодневна и се реализира со автобуски превоз. За време на турата имате наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

MEET THE LOCALS

Цена за пакет: 20€

“Запознајте ги локалните мештани на островот Крф” е наша ексклузивна екскурзија која ЕТА започнува да  ја реализира во 2023-та година. Како прва македонска агенција на остовот Крф одлучивме да ве запознаеме со душата на островот, со начинот на кој локалното население живеело во минатото, но и како функционира денеска.

Ние ве водиме во ЕТА селцето кое е изградено во минатото, а реконструирано денеска. Во самото селце има голем број на локални продавнички од кои можете да ги купите вашите сувенири за дома. Во самото селце имате занаетчиски работилници, ресторани кои служат локална храна и секако многу тајни сокаци и одаи низ кои можете да прошетате и да уживате во тоа што го уживале разни буржоазиски семејства.

Покрај ЕТА селцето, за време на турата ќе го посетиме Канони. Едно од најубавите места на островот поради незаборавниот поглед што им го нуди на посетителите. Доколку пребарувате на Google фотографии од островот Крф, со сигурност оваа локалција ќе ви го привлече вниманието. За време на посетата на Канони, ќе имаме можност да го посетиме Светиот манастир Панагија Влачерна, а исто така ќе имаме можност да пиеме кафе со панорамски поглед кон морската ширина.

Турата не би била комплетна ако како попатна дестинација не го вклучиме паркот на „Принцот Филип“, таткото на сегашниот крал на Велика Британија- Кралот Чарлс. За време на посетата на паркот ќе направиме обиколка на неколку локации, меѓу кои и куќата во која тој доаѓал често на летување.

Со посетата на трите локации на островот, почнувајќи од Канони, паркот на принцот Филип и ЕТА селцето, ние го комплетираме денот со многу уникатни импресии. Турата се реализира со автобуски превоз, а за време на турата со вас е наш претставник кој ќе ви сподели информации за самите локации.

ETA Explore

Цена за пакет: 35€

ETA Exploring е пакет кој ги вклучува сите екскурзии, во овој случај два дена истражување на островот Крф!
Доколку го одберете ЕTA Exploring, Вие заштедувате на финансии, а добивате темелно уживање на островот.
ETA Exploring вклучува посета на: Палеокастрица, Кумкват фабриката, Канони, паркот на Филип, ЕТА селцето.

Bring your own drink

Цена за пакет: 0

Покрај целодневните активности, ние како тим сме среќни доколку ги искористиме ноќите за седенка на плажа. Секако, ваквите собиранки не се задолжителни и се наменети исклучиво за оние кои се расположени за добар лаф-муабет.

Присуството не се наплаќа, се што треба е да си го понесете вашето омилено пиво.

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања