Турција е земја која во последните години се труди да ги задоволи сите туристи кои ја посетуваат така што забрзано се модернизира, но и покрај тоа тие успеваат да задржат одредена автентичност која е примамлива за секој посетител.
Истанбул
Единствениот град во светот кој е на два континенти, од ден на ден станува се повеќе примамлив за посетителите. Овој град е мешавина од традиционална исламска архитектура и модерни градби. Аја Софија и Топкапи се задолжителни за секој турист, но ако тргнете пеш може да истражувате и да пронајдете многу интересни детали од овој град кои остануваат скриени за повеќето посетители.
Летање со балон над Кападокија
Излишно е да се трошат зборови за природните чуда на Кападокија кои од овој регион прават посебен свет сам за себе. Најлесно ќе го разгледате ако сте доволно храбри да се качите во корпа на балон и го надлетате целиот живописен крај.
Градчето Кајакој
На почетокот на дваесеттиот век Кајакој бил населен од Грци, но по договорот за размена на население помеѓу Грција и Турција, бил целосно напуштен во 1923 година. Тука требало да се населат Турци доселени од Грција, но до тоа никогаш не дошло. Градот денес сведочи за бесмислените детали од историјата, а посетителите можат дојдат и цел ден да ги разгледуваат празните улици, куќи и цркви.
Бањање во амам
Турска бања – турски амам е третман со хидро-терапија со топла пареа, кој има чудесно влијание и врз менталната и физичката состојба.Турска бања или амам не е наменета само за хигиена , но исто така е и ритуално искуство, составено од врела пареа, третмани за детоксикација на телото и смирувачка чаша чај.
Памуккале
Памукале е град во западна Турција, познат по термалните води богати со минерали, кои течат по белите тераси од травертин на блиското ридче. На неговиот врв е и античкиот град Хиераполис. Урнатините таму вклучуваат добро сочуван театар и некропола со саркофази кои се протегаат на 2 км.
Отоманското село Сафранболу
Неговата османлиска архитектура ја вклучува старата чаршиска област , со стотици сочувани, црвено покриени османлиски куќи на улиците. Во близина се наоѓа и Тарихи Цинци Хамам која е обновена бања од 17 век, и е сè уште е во функција.
Пеливанско борење во Едрене
Можеби сте гледале пеливанско борење и во Македонија, но ако сте пропуштиле, тогаш тоа на најавтентичен начин ќе го доживеете во Турција. Во градот Едрене секоја година се одржува пеливански фестивал на кој доаѓаат најдобрите борачи.